Разголена, едноставна и креативна порака за шефот: Давам отказ!

Ако ви е досадна работата или сте премногу зафатени и немате време за ништо друго, можеби е време да дадете отказ.Без разлика на платата, понекогаш слободното време нема цена.

razgolena-ednostavna-i-kreativna-poraka-za-sefot-davam-otkaz-01

Тоа го сфатила и младата белграѓанка Катарина Јовановиќ (26) која била културолог по занимање, но работела досадна канцелариска работа, за која земала добра плата.

Сепак, тоа ѝ го одземало целото слободно време. Немала никакви несогласување со шефот или колегите, но решила на интересен и атрактивен начин да даде отказ.

Се соблекла целосно гола и само со една мушама на која со големи букви било напишано „Давам отказ“ се покрила во вид на кратко фустанче.

Направила фотографии и си напишала барање за отказ кои ги ставила во коверт и му ги оставила на шефот. Откако го видел она што било внатре, тој ја повикал да даде отказ.

razgolena-ednostavna-i-kreativna-poraka-za-sefot-davam-otkaz-1

Таа смета дека ваквата постапка не е најпаметна, но смета и дека е доволно млада за да направи нешто така откачено.

Инаку, на овој начин таа се спротивставува на капитализмот и начинот на работа кој е максимално исцрпувачки, особено за жените.

Верува во природата и верува дека човекот може да си го обезбеди она што му е потребно. Таа е веган и сака да има сопствена градина и да се храни здраво.

За ова што го направила има поддршка и од родителите и од пријателите. Има дури и идеја да отвори Агенција за давање откази.

razgolena-ednostavna-i-kreativna-poraka-za-sefot-davam-otkaz-2

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg