Причини поради кои девојките ќе посакаат да бидат машко барем на еден ден

Без разлика на тоа што жените често се главни организатори во домот, иницијатори на одлуки или знаат да се наметнат и да им бидат исполнети многу желби, сепак има некои работи поради кои веднаш би се замениле.

pricini-poradi-koi-ke-posakate-da-bidete-masko-barem-na-eden-den-01

Понекогаш постои скриена потреба која ги тера жените да посакаат барем за момент да бидат на местото на мажите. Има некои работи кои само мажите ги можат, а жените колку што ги нервираат тие работи, толку посакуваат барем на кратко да ги направат истите.

Мажите можат да поправат сè

Иако постојат жени кои одлично се снаоѓаат во поправањето на чешмата, светлото, па дури и автомобилот, сепак повеќето жени се чувствуваат беспомошно ако нешто им се расипе. Многу би сакале магично и вродено да знаат како да го поправат моторот од автомобилот кога ќе ги остави на сред пат, наместо да чекаат влечна служба.

Мажите не се нервираат за ситници

Многу жени често знаат да кажат: „Ех да го имам неговиот мозок бар на еден ден, па да се одморам“. Тие не си ја кубат косата и не грицкаат нокти затоа што не е средена кујната, не ги нашле омилените панталони во бутикот или ако не му се јавите.

Мажите може да спијат како бебиња, па дури и кога тие не спијат

Новороденчето во домот е вистинско уживање за нив. Ако жените постојано се жалат дека се изморени и ненаспани, мажите го немаат тој проблем. Тие спијат без проблем и воопшто не им пречи ако бебето плаче, затоа што и воопшто не го слушаат тој звук. Спијат толку безгрижно, што ќе се прашате кој е бебето во домот?

Подобро ја поднесуваат староста

Како што поминуваат годините жените стануваат подебели, кожата им огрдува и недостатоците уште повеќе им доаѓаат до израз. Мажите, пак, одлично се носат со своите промени. Седите влакна одлично им стојат, изгледаат позрело и посигурно.

Мажите го мислат она што го зборуваат, а жените не

Мажите кога ги прашувате како се, одговараат точно и буквално како што навистина се чувствуваат. За разлика од нив, жените најчесто одговараат со добро, а при тоа оној што прашува треба да сфати дали е тоа баш така или се крие нешто друго. Ако не се потруди да ги разбере може дури и да се навредат и налутат, па од тоа просто прашање да направат голем проблем.

pricini-poradi-koi-ke-posakate-da-bidete-masko-barem-na-eden-den-3

Сепак зависиме од мажите

Ова не се однесува на материјалната состојба, туку на нивното мислење и одобрување. Џабе ќе биде целото дотерување и подготвување ако тој не ви каже дека сте убава, не ве пофали за нешто што сте направиле или ако не ви го забележи изненадувањето. Сепак голем дел од убавото расположение, макар и за некоја ситница, зависи од неговото мислење.

Според мажите сексот е решение за сè

Мажите се едноставни суштества. Малите деца се забавуваат со играчки, а тие со секс. Мажите толку едноставно се помируваат со тоа дека сексот е бегство или решение за сите проблеми, што дури ве нервираат колку површно и едноставно размислуваат. Додека жените, покрај десетици проблеми за кои размислуваат, треба да смислуваат и изговори зошто не може да имаат секс во моментот.

Вистински пријателства без проблеми

Мажите се директни и отворени. Нивните пријателства не се засноваат на трачеви и озборувања, затоа им траат цел живот. Меѓу жените тоа е тешко остварливо, па ретко која жена има вистински пријателки со кои израснала и остарела.

Најчесто се омилениот родител за децата

Додека жените се трудат да ги воспитаат, средат, облечат, научат и го губат трпението со децата, татковците се оние кои ги забавуваат и со кои си играат во слободното време. Според тоа, логично е дека тие секогаш се поомилениот родител кој им ги исполнува желбите.

Некои типично машки навики не ги менуваат за ништо на светот

Дали се тоа фрлените чорапи, криглите пиво, заглавениот телевизор на спортски канали или видеоигрите, тие едноставно не би се откажале од своите навики, па колку и да се лутат жените. Ако вие се трудите да им угодите или мора да жртвувате дел од своето слободно време или омилено хоби за да му посветите внимание на детето, мажите немаат таква грижа на совест, затоа  нема шанси да го пропуштат фудбалскиот натпревар.

pricini-poradi-koi-ke-posakate-da-bidete-masko-barem-na-eden-den-2

Ги владеат видеоигрите

Понекогаш можеби и на жените им изгледаат интересни некои видеоигри или баш им се чини кул  да се обидат да се тркаат со автомобили, како кога ги гледаат мажите, но штом седнат пред компјутерот сфаќаат дека не им оди тоа така лесно како нив. Мажите, пак, се како родени за видеоигри, дури и најкомплицираната игра ја совладуваат за час.

Веднаш се подготвени

Нив не им се потребни часови и часови за подготвување пред излегување. Многу побрзо одлучуваат што ќе облечат, побрзо се тушираат и не стојат половина час пред огледалото пред да излезат, а секогаш се убедени дека одлично изгледаат.

Одлично прифаќаат шеги на нивна сметка

Ако им кажете дека имаат голем стомак, може да се изнасмеат и да ви одговорат дека мажот без стомак не е вистински маж. Но, доколку на жена ѝ кажете дека се здебелила, може само дополнително да падне во депресија. Ех, колку би сакале жените да пијат неограничено пиво и да не се грижат колкав им е стомакот.

Додека жените се грижат за сите ситници, мажите се чудат зошто се нервозни кога сè e едноставно и лесно.

Поради сите разлики кои се привлекуваат и дополнуваат сè уште постои заедничкиот живот и не можеме едни без други, иако понекогаш посакуваме да си ги замениме улогите.

pricini-poradi-koi-ke-posakate-da-bidete-masko-barem-na-eden-den-1

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg