14 работи кои само тетовираните девојки ги разбираат

Иако одамна е започнат трендот со тетовирање, сепак сѐ уште некои луѓе имаат предрасуди кон тетовираните луѓе, особено кон девојките. Врзани за некои минати верувања си дозволуваат сите да ги стават во ист кош.

14-raboti-koi-samo-tetoviranite-devojki-ke-gi-razberat

Работите и трендовите се променија. Тетоважите се израз на животниот стил или нешто што е значајно да го обележат како дел од себе, оние на кои им значи.

Но, секогаш постоеле и ќе постојат луѓе со предрасуди и ќе се среќавате со не многу пријатни ситуации.

1. Кога некој непознат ќе види дека имате тетоважа, лесно си дозволува да ви стави етикета: панкерка, хипстерка...само поради вашите тетоважи.

2. Ако видат дека имате една тетоважа, мислат дека им е дозволено да ве прашаат дали имате тетоважа на некое интимно место.

3. Сигурно многу пати ви рекле дека којзнае колку ужасно ќе изгледате во венчаница.

4. Ве сметаат за силна и бесчувствителна жена.

5. Кога одите да се тетовирате и кога ќе ве видат дека сте девојка, тату мајсторот стопати ќе ви нагласи дека може многу да ве боли.

6. Ако немате конкретна идеја прво ви нудат да истетовирате пеперутка.

7. Сигурно многумина ви рекле дека мажите не сакаат тетовирани девојки.

8. Луѓето кои се интересираат за тетоважата, се нервираат ако не сакате да им го кажете значењето и не ве оставаат на мир.

9. Ако имате тетоважа на некој друг јазик, луѓето претпоставуваат дека ни вие не знаете што значи.

10. Сите ви зборуваат дека за неколку години ќе си ја замразите тетоважата и ќе сакате да ја отстраните.

11. Сите ве прашуваат како ќе ви изгледа тетоважата кога ќе остарите

12. Сигурно многу ви рекле дека тетоважите на телото ќе ви изгледаат одвратно ако забремените или се здебелите.

13. Постарите мислат дека се тетовираат само војници и проститутки.

14. Ве сметаат за агресивна и неморална.

Девојки, се пронајдовте? Имате нешто да додадете? Слободно споделете со нас во коментарите.

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg