Како да препознаете вистински пријател

Често го користиме терминот вистински пријател, но дали знаеме всушност што значи да се биде вистински пријател? Дали сте вистински пријатели и дали можете да препознаете кога некој ја злоупотребува вашата добрина и доверба?

kako-da-prepoznaete-vistinski-prijatel-01

Постојат три постапки кои ќе ви откријат дали вашиот другар ве почитува и ви верува, или сепак, не ве гледа како вистински пријател.

Дали ве слуша?

Вашиот пријател покажува дека се грижи за вас, со одвојување дел од своето време за да ве ислуша кога имате проблем или едноставно сакате да ја споделите својата среќа.

Додека разговарате, директното гледање во очи се додека не ја завршите реченицата значи дека ве поддржува, а шарањето со погледот и пренасочување на вниманието на нешто  друго, укажува на незаинтересираност и здодевност.

Ако побарате совет од овој ваш “најдобар” пријател со вторите карактеристики, најверојатно ќе добиете брза, кратка и патетична утеха која ќе ви го каже тоа што сакате да го слушнете, само за да му се изгубите од видик.

Дали има искреност и постојана комуникација?

Доколку и покрај секојдневните обврски одвојувате барем 5 минути за искрен разговор, тогаш вие сте навистина квалитетна личност, отворена за комуникација.

Но, дали добивате фидбек? Дали спротивната страна ги прави истите напори за да ја одржи врската помеѓу вас?

Кога разговарате за минатото, пробајте да се сетите на стара приказна која ви ја раскажал порано и натерајте го да ја раскаже пак.

Доколку има очигледни работи кои не се совпаѓаат, тогаш повеќе од сигурно е дека вашиот пријател не бил целосно искрен со вас.

Дали вашиот пријател сака да озборува?

Не постојат луѓе кои не озборуваат за случките околу нив, облеката на другите, семејството, заедничките пријатели, партнери и физичкиот изглед.

 Но, доколку вашиот пријател, сака да озборува малку повеќе од нормалното, тоа не е во ред.

Голема е веројатноста еден ден да ви признае дека се гледа себеси за подобар од вас, а потценувањето и споредувањето не се темелите на едно искрено пријателство, нели?

Изреката гласи “Кој озборува со вас, ќе озборува и за вас”.

Пронајдовте некој од вашите „пријатели“ во овие редови?

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
10 психолошки трикови што ќе ви се најдат во секојдневието „Ако го прашате вашето дете дали сака млеко, најверојатно ќе ви рече не. Но, ако...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg