Бабини деветини на кои им даваме непотребно значење

Постојат многу непотребни знаци, измислени во минатото, на кои им дозволуваме да влијаат врз нашиот секојдневен живот. Според нашите баби и дедовци, има неколку од знаците кои ни го нарушуваат секојдневниот мир.

babini-devetini-na-koi-im-davame-nepotrebno-znacenje-01 - Copy

Cите се плашиме од несреќа, а не сме свесни дека ги држиме работите во свои раце. Доколку размислуваме позитивно и сме среќни, ќе знаеме дека црна мачка или станување на лева нога нема да ни го променат расположението.

Цагер

Ова и не е толку лош знак, бидејќи цагерот ви покажува дека некој мисли на вас во тој момент. Освен, кога цагер ќе биде 03:03 – часот на ѓаволот. Тогаш, би требало да поплукате зад себе, за да избегнете дружење со него, кое може да ви донесе лоша среќа.

Црна мачка

Уште еден знак од кој повеќето луѓе се плашат. Наводно, ако патот ви го пресече црна мачка, ќе ви се случи несреќа за брзо време. Особено ако тоа се случи додека возите автомобил. Некои знаат дури и да се вратат назад или да тргнат по друг пат за да избегнат некоја можна несреќа.

Соништа

Ако сонувате заби, можно е да имате смртен случај во семејството. Уште едно суеверие. Можеби сте имале болки пред спиење или претходно сте биле на забар, па затоа сонувате паѓање или вадење на забите.

Сетете се дека според истражувачите, тоа што го мислите пред спиење, обично ви се појавува во сонот.

Гледање во огледало навечер

Не е во ред да се гледате во огледало после 8 часот навечер, бидејќи може да имате кошмари.

Два подарока

Кога сте поканети на роденден, прослава, веридба или каква било друга свеченост, каде е „задолжително” носењето подароци, не смеете да понесете два. Ќе го следи лоша среќатој што ги примил подароците. Подобро е три.

babini-devetini-na-koi-im-davame-nepotrebno-znacenje-2

Капење на празник

Бидејќи е свет ден, некои веруваат дека тогаш не треба да се работат потешки работи и не треба да се капат луѓето, бидејќи може нешто неубаво да се случи.

Влегување со десна нога

Ако влезете со десна нога, ќе ви се посреќи. Ова е останато од дамнешни времиња. Но, за жал, не е вистина. Што ако влезете на испит со десна нога, кога не знаете ништо?

Или ако станете наутро на десна нога? Не мора да значи дека ќе бидете расположени цел ден.

Внимание! Не станувајте на лева нога

Спротивно на претходниот знак. Ако станете на лева нога, најверојатно ќе имате конфликти со секој што ќе ви застане на патот. Колку од вас стануваат на лева нога и се чувствуваат одлично во текот на денот? Ако постојат такви, докажуваат дека нашето расположение зависи само од нашите мисли.

На полноќ

Според нашите баби, ако сме надвор на полноќ, треба да застанеме во место и да чекаме да помине 12 часот пред да си одиме дома. Не е важно, дали врне, дува или последното такси си заминува од видикот, застанете и чекајте, бидејќи може да ве нападнат зли духови пред вратата.

Не станувајте во 3 часот наутро

Како што кажавме погоре, 3 часот е час на ѓаволот. Ако се разбудите од спиење, ѓаволот ве повикува на дружење.

Скршено огледало

Ако скршите огледало, несреќа ќе ве следи 7 години.

babini-devetini-na-koi-im-davame-nepotrebno-znacenje-1

Споделете уште некое суеверие со нас во кое вие или вашите блиски веруваат.

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg