Трикови за брзо миење садови кои сигурно успеваат

Миењето садови е вообичаено најомразениот дел од чистењето во домот. Сепак, постојат некои мали, но добри трикови кои ќе ви помогнат секогаш брзо да ги измиете садовите.

najdobri-trikovi-za-brzo-mienje-sadovi-01

Дури и оние домаќинки кои имаат машина за миење садови, некои садови мора рачно да ги измијат. За да не останете заробени покрај мијалникот, некои совети може да бидат многу корисни.

Четкичка и натопување

Сунѓерите се добри за стаклените садови и чаши. Но, добрата четка со рачка може да направи чуда. Брзо ќе ги измиете чиниите, тенџерињата и тепсиите. Најдобро од сè е тоа што се лесни за чистење и одржување, многу од нив можете да ги исперете во машината за садови или да ги оставите кратко во топла вода со малку детергент.

За миење садови, откако ќе ги исчеткате тврдокорните дамки најдобро е да го наполните мијалникот со топла вода и малку сјај или друг детергент за чистење дамки и да ги ставите садовите да постојат. Откако ќе ги исплакнете, дамките ќе се отстранат многу лесно и доволно ќе биде да ги избришете со сува крпа.

Куп од садови и лушпи од јајце

Ако имате многу чинии за миење наредете ги во мали купчиња со тоа што ќе ги раздвоите со по една виљушка или лажица. Пуштете млаз топла вода да потече врз купот и оставете ги така да постојат. Потоа само лесно поминете ги со сунѓерче и сјај и исплакнете ги.

Ако имате загорени тавчиња и тенџериња потребни ви се лушпи од јајца кои треба да бидат добро иситнети. Додајте вода и детергент во мијалникот и оставете ги да постојат. Така најдобро се чисти загорено дно, особено залепен ориз. Штом постојат, потоа може да ги измиете на стандарден начин.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Скриени цркви, чешми - 5 лековити места во Македонија Кога претходно објавивме за лековити места (манастири и цркви), потенциравм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg