Со велосипед на работа, факултет и училиште

Оставете ги автомобилите, избегнете ги утринските и попладневните гужви на коловозите и започнете со возење на вашиот велосипед.

so-velosiped-na-rabota-fakultet-i-na-uciliste-01

Времето е прекрасно, сончево и пријатно, па зошто да не го извадите велосипедот кој веќе неколку месеци одмораше?

Поевтино е - тоа е една од најголемите предности. Доколку практикувате одење со велоспед на работа или пак на училиште, со сигурност ќе заштедите пари кои дотогаш сте ги давале на гориво или билети за јавен превоз.

Побрзо до посакуваната релација - во утринските часови, сите брзаат да стигнат на своите работни места, и сведоци сме на големите гужви на раскрсниците. Чекањето на раскрсница, може да биде дури подолго од 10-15 минути. Но, со велосипед ќе стигнете на посакуваната релација, многу побрзо и со помалку утрински нервози.

Возењето велосипед е здраво - особено ако работата ви се состои од осум или повеќе часовно седење пред компјутер. Со помош на велосипедот, ќе ги раздвижите мусклите од прекумерното седење.

Витка линија - доаѓа лето, а тоа значи подготовка на физичкиот изглед. Велосипедот, освен што ќе ве однесе до посакуваната релација, ќе ве направи витки одржувајќи ја вашата линија во топ форма.

И самите сте свесни дека додека сме на работа или училиште се храните со нездрава храна и склони сте кон дебелеење, па на овој начин ќе се заштите од непосакуваните резултати во поглед на тежината.

Позитивна енергија - возењето велосипед ќе ве опушти целосно. Не заборавајте да си ставите слушалки и пуштете си ја листата со песни која најмногу ви се допаѓа. Доколку го практикувате ова изутрина, бидете сигурни дека целиот ден ќе зрачите со позитивна енергија.

Возењето велосипед е прекрасна активност која за кратко време може да прерасне во ритуал и начин на живот. Па, зошто да не?

Уште денес извадете ги велоспедите од подрумите и уживајте во возењето!

Би можело да ве интересира:

4 најголеми придобивки од возењето велосипед Возењето велосипед не е само забавна активност, туку е корисна и за физичкото и ...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
4 трикови со кои ќе си ја зголемите продуктивноста без многу напор Зошто да ги помните информациите кога можете да ги запишете во планер или како п...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...
Периоди во животот кога е нормално (и корисно) да се чувствувате изгубено, според психологијата Ако вашата работа не ве исполнува, може да се чувствувате изгубено. Но...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg