Искористете ја кората од банана на 14 различни начини

Богати со хранливи состојки, фантастичен вкус и одличен додаток за разни слатки, бананите спаѓаат меѓу омилените овошја.  Но, покрај вкусниот плод, нивната кора може да се искористи на 14 различни начини.

iskoristete-ja-korata-od-banana-na-14-razlicni-nacini-01

1. Полирање чевли

Само тријте ги чевлите со внатрешната страна на кората, а потоа површината избришете ја со сува крпа.

2. Омекнување на месото

Додајте кора од банана додека печете месо за да остане меко и сочно.

3. Нахранете ги ружите во градината

Кората од банана е богата со калциум и магнезиум кои му се потребни на цвеќето. Оставете ја кората покрај коренот.

4. Намелете го чешањето

Тријте ја внатрешната страна од кората на местото каде што ве каснал инсект или на сувата кожа, а со тоа ќе се намали чешањето и црвенилото.

5. Сјајно цвеќе

Прашината од листовите на собните цвеќиња може да ги избришете со внатрешната страна на кората од банана и да им го вратите сјајот.

iskoristete-ja-korata-od-banana-na-14-razlicni-nacini-2

6. Полирање сребро

Измиксајте кора од банана и вода, па смесата ставете ја на мека крпа и исполирајте ги сребрените предмети.

7. Избркајте ги штетниците од градината

Поставете на повеќе места во градината кора од банана за да ги избркате штетниците околу плодовите.

8. Полирање кожа

Кожниот мебел или кожната облека исто така може да ја полирате со внатрешната страна од кората на бананата, а потоа само да ја избришете со сува крпа.

9. Избелете ги забите

Тријте ги забите со кора од банана околу две минути при секое миење. Манганот, магнезиумот и калиумот добро влијаат на белината на забите.

10. За модринки и гребаници

Кога ќе се трие раната, калиумот од кората помага во процесот на зараснување.

iskoristete-ja-korata-od-banana-na-14-razlicni-nacini-3

11. Отстранете ги брадавиците

Парче од внатрешната страна на кората од бананата ставете ја на брадавицата и зацврстете ја со леплива трака. Оставете ја да делува преку вечерта. Калиумот ќе ја отстрани брадавицата и ќе спречи повторно појавување.

12. Отстранување трн

Со леплива трака зацврстете парче од внатрешната старана на кората на местото каде што имате трн. Природните ензими ќе го олеснат отстранувањето.

13. Збогатете ја водата за наводнување на билките

Додајте кора од банана во садот со вода и оставете ја да отстои. Кога ќе ги полевате билките направете мешавина од отстоената вода и свежа вода во сооднос 1:5.

14. Лечи акни

Тријте ги акните со внатрешната страна на кората околу 10 минути. Остатоците на лицето оставете ги колку може подолго. Идеално би било да се измиете пред да си легнете. Повторувајте ја постапката секој ден, додека не ви се исчисти лицето.

iskoristete-ja-korata-od-banana-na-14-razlicni-nacini-1

Би можело да ве интересира:

Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
9 совети за преживување во кои не треба да верувате (може да ве чинат живот) Цицањето на отровот од змијата може да биде опасно, а ако се обидете да се ориен...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...
Скриени цркви, чешми - 5 лековити места во Македонија Кога претходно објавивме за лековити места (манастири и цркви), потенциравм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg