Први велигденски подготовки: Креативни декорации за вашиот дом

Колку и да ви изгледа далеку, за весели, велигденски декорации во домот никогаш не е прерано. Набавете ги сите потребни материјали со време и започнете.

prvi-veligdenski-podgotovki-kreativni-dekoracii-za-vasiot-dom-01

Прва за украсување е надворешната врата која од самиот влез ја внесува велигденската атмосфера во домот.

За неа можете рачно да изработите венци во облик на зајче од вештачко цвеќе, картон и зеленило или пак на жица во овална форма да залепите неколку десетици украсни јајца од стиропор.

За само неколку минути можете да создадете вакви ремек-дела:


Кога ќе влезете во домот, погрижете се на секоја наткасна и масичка да имате по еден стаклен сад со свежо цвеќе во комбинација со украсни јајца.

Сламените и дрвени декорации се задолжителни, исто како и сувенирите во облик на зајчиња и пилиња.

Без оглед на тоа дали ќе ги купите или изработите, важно е да ја внесете оваа свежина во домот.


Кога ќе влезете во дневната соба и трпезаријата, таму треба да се случува велигденската магија.

Ако сте љубител на минимализмот, повторно користете стаклени садови наполнети со чоколада и колачиња во јајцевидна форма, свеќници изработени од лушпа на јајце наполнета со восок или пак изработете си дрвце накитено со украсни јајца.

Ако живеете во топол, рустикален дом, задржете се до сламените корпи, дрвените сувенири и материјалите во пруги и точки.

Најважно е да го вклучите креативниот дел од мозокот и велигденската магија да ја пресликате во вашиот дом.

Ви треба дополнителна инспирација? Уживајте!

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Што открива уредувањето на домот за вашиот карактер? Домот открива многу нешта за личноста којашто живее таму. Сепак, секој од нас си...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg