Неколку типа на пријатели, кои воопшто не ви се потребни

Факт е дека пријателите доаѓаат и си заминуваат од нашите животи, единствено оние кои навистина вредат остануваат до крајот. Секако добро е да се има голем круг на пријатели со цел да имаме здрав социјален живот. Но овие неколку типа на луѓе, воопшто не треба да ја носат етикетата пријатели и да бидат дел од вашиот живот.

nekolku-tipovi-na-prijateli-koi-voopsto-ne-vi-se-potrebni-01

Пријателот со премногу планови

Овој тип на пријател има илјадници планови за наредните неколку месеци. Ви се јавува единствено кога сака да се дружите за време на викенд, а потоа го снемува со недели и не ви одговара на повиците. Дефинитивно, тргнете го овој пријател од вашиот круг и направете место за оние кои навистина сакаат да бидат со вас.

Пријателот за петок вечер

Овој пријател е слободен само петок навечер, всушност вие и никогаш немате разговарано со овој човек, бидејќи одите само во ноќни клубови. Очигледно, на тој или таа им требате само еднаш во неделата. Зарем, вам ви е потребен овој тип на пријател?

Фејсбук пријател

Никогаш се немате видено, ниту порзговарано на улица, дури и се избегнувате низ градот. Овој тип на пријател дефинитивно не ви е пријател. Иако знаете сè за овој пријател, сепак тргнете се од визуелниот простор и посветете се на пријателите од реалниот живот.

Соседите

Секако е убаво да бидете пријатели со вашите соседи, но гледајте тоа да не прерасне до тој степен што тие континуирано ќе бараат секакви услуги од вас и ќе ви го трошат времето. Не треба воопшто да ви биде незгодно и слободно одбијте ги следниот пат кога ќе посакаат нешто од вас.

nekolku-tipovi-na-prijateli-koi-voopsto-ne-vi-se-potrebni-1

Препознавте ли некој ваш пријател?

Би можело да ве интересира:

14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
8 важни животни лекции кои (за жал) ги учиме предоцна Понекогаш луѓето што ви биле најважни во животот преку ноќ може да ви станат стр...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg