Интересни факти за цртаните филмови: Аладин личи на Том Круз, Снежана има 14 години
Ако како деца ви изгледаа само интересни, како родители ви се едноставни и наивни, како возрасни ве потсетуваат на спомени од детството и сето тоа мислите дека е веќе видено, познато.
Ако сметате дека знаете сè за цртаните филмови и досега не сте се потрудиле да ги размислите, тогаш има некои интересни факти кои ќе ве изненадат:
1. Ариел од „Малата принцеза“ настанала според ликот и глумицата Алиса Милано од популарната серија „Волшебнички“.
2. Ликот на Аладин е направен според ликот на Том Круз
3. Песната „Part of your world“ за малку ќе била исфрлена од цртаниот филм.
4. Песната „Can you feel the love tonight“, требало да биде исфрлена од „Кралот лав“, но за среќа, Елтон Џон успеал да ги убеди продуцентите да остане и токму таа подоцна му донела оскар.
5. Волт Дизни добил почесен Оскар за „Снежана и седумте џуџиња“, составен од еден голем и 7 минијатурни оскари.
6. Сценаристите на цртаниот филм избирале имиња за џуџињата, меѓу кои на листата се нашле и: Џампи, Визи, Балди, Пафи и Дизи.
7. Во цртанот „101 Далматинец“ има точно 6.469.952 црни точки на кучињата.
8. Сите дизниеви принцези се тинејџерки: Снежана има 14 години, Пепелашка има помеѓу 16 и 19 години, Ариел има 16, Јасмин полни 18, Бела има меѓу 17 и 21 година, Покахонтас има 17.