Нема потреба да се менувате, вие сте уникатни!

Промената е одлична кога сакаме да го подобриме квалитетот на нашиот живот, кога сакаме да започнеме нов почеток или пак да одиме на фризер. Иако таа е добар избор,  сепак постојат некои работи кај една личност кои ѝ даваат уникатност и нема потреба да се менуваат.

nema-potreba-da-se-menuvate-vie-ste-unikatni-1

Она што секој го поседува на некој начин и не треба да го менува е:

Вашиот стил – модата се менува, но стилот никогаш. Задржете го вашиот уникатен стил и покрај тоа што ја следите модата. Приспособете ги трендовите на вашиот стил на облекување, а не обратно.

Вашата насмевка – вашата прекрасна насмевка е причина за нечие будење секое утро. Не дозволувајте светот да ја промени вашата насмевка, вие променете го светот со неа.

Вашата физиономија – многу луѓе денес се одлучуваат за пластични операции менувајќи ги своите фацијални црти. Во ред е да го промените тоа што не ви се допаѓа кај вас, но пред да го сторите тоа обидете се да ги прифатите вашите несовршености. Тие се оние кои ве прават уникатни во секој поглед.

Вашата смисла за хумор – кажувате вицови и често се шегувате на туѓа, но и на ваша сметка? Тоа е одлично! Вие имате добра смисла за хумор. Тоа е одлика на среќен човек кој дури и проблемите ги решава со насмевка.nema-potreba-da-se-menuvate-vie-ste-unikatni-2

Вашето хоби - може да додадете некое плус на вашата листа, но нема потреба да го менувате вашето сегашно хоби доколку тоа ве прави среќни и исполнети.

Вашата љубопитност – човек учи додека е жив, нели? Вашата љубопитност покажува дека сакате да научите нешто ново и вашиот ум е секогаш подготвен како сунѓер да ги впива сите нови информации. Не ја менувајте оваа одлика доколку ја поседувате, бидејќи тој што мисли дека знае сè – не знае ништо.

Вашите вредности – во ред e да се почитуваат туѓите вредности, но не и да се прифаќаат како свои доколку не ги сметате за правилни. Покажете дека стоите зад вредностите во кои верувате вие. Не дозволувајте другите да ви кажуваат која вредност треба да ја цените во животот, а која не.

Вашето размислување надвор од кутијата – вие не сте како останатите. Размислувате надвор од кутијата и имате различен поглед кон нештата, тоа е супер.

Не го менувајте ова кај себе, бидејќи постојат многу луѓе свесни за својот монотон живот без големи ризици. Tие се способни да размислуваат надвор од кутијата, но често се плашат да излезат надвор од нивната удобна зона.

Вашата верба – не ја менувајте вашата верба во Бог или во некоја натприродна сила доколку сметате дека ви носи среќа, успех и ви дава надеж. Продолжете да верувате во тоа што ќе одлучите сами и ќе го задржите вашиот став и смисла за живот.

Вашите соништа – никој не ви помогнал да ги изградите, па зошто да ги менувате или уништувате? Наместо тоа надградувајте ги. Запишете ги своите соништа на лист хартија и секој ден додавјте по еден плус. Ако забелжите дека некој од соништата може да ви донесе негативен исход без потреба, елиминирајте го, во спротивно не се откажувајте од нив.nema-potreba-da-se-menuvate-vie-ste-unikatni-3

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg