5 работи кои може да ги научите од срамежливите луѓе

Срамежливоста се поврзува со негативното однесување – тешко одржување контакт со очите и со чувство на пониженост и отуѓеност. Иако срамежливоста е најчесто негативна, сепак постојат позитивни работи  кои срамежливоста ги носи со себе.

5-raboti-koi-moze-da-gi-anucite-od-sramezlivite-lugje-01

Овие шест навики може да бидат корисни за оние кои сакаат да успеат:

1. Тие се мислители

Срамежливите луѓе многу размислуваат. На срамежливоста не треба да се гледа како на нешто со кое можеме да се избориме  и нешто што не можеме да го надминеме. Во време на развој на технологијата, уметноста на длабокото размислување можеби целосно се изгубила и заменета е со брзото менување на задачите. Деталното размислување е многу важно, бидејќи луѓето кои многу размислуваат имаат и способност да донесат добри одлуки. Сепак , треба да се има граница, бидејќи претераното размислување може да биде штетно.

2. Тие се набљудувачи

Срамежливите често собираат разни делчиња од разговорите од својата околина, кои другите не ги слушаат, а потоа знаат да ги искористат на добар начин. Додека молчат и набљудуваат, тие впиваат сè што е информативно и интересно. Резервираните луѓе имаат способност да читаат и да ги разбираат фацијалните експресии на другите.

5-raboti-koi-moze-da-gi-anucite-od-sramezlivite-lugje-2

3. Тие знаат да слушаат

Иако повеќето луѓе мислат дека срамежливите се исклучени од разговорите, тоа не е секогаш така. Всушност, срамежливите може да бидат најдобри личности за разговор, бидејќи се вклопуваат во она што се зборува и се трудат да ја разберат личноста која им зборува. Тие знаат да слушаат и многу се сочувствителни.

4. Важно им е што мислат другите за нив

Една од причините поради кои срамежливите луѓе се чувствуваат непријатно меѓу други луѓе е тоа што им е важно што мислат другите  за нив. Сепак, се смета дека не е добро премногу да се грижите за мислењето на другите. Но, тоа не мора да биде лична карактеристика – може да се грижиме за мислењето на другите и поради искуството кое до сега сме го имале. Тоа значи дека е добро затоа што на тој начин вежбаат во одредени области во мозокот

5-raboti-koi-moze-da-gi-anucite-od-sramezlivite-lugje-1

5. Тие не се секогаш интровертни, но се на ист начин потценети

Срамежливоста и интровертноста често се користи како синоним, но тоа не е исто. Она што им е заедничко е тоа што имаат подобри резултати во училиште и полесно учат, а тоа е потврдено со бројни истражувања.

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Низ илустрации: 10 работи што ги прават продавачите, а го вадат од такт секој купувач Иако продавачите не се тие што ја избираат облеката што се продава во дуќаните, ...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg