Зошто мразиме понеделници?

Не е залудно тоа што најтажниот ден во годината секогаш без исклучок паѓа на понеделник

zosto-mrazime-ponedelnici-01

Нов понеделник. Сигурно не сте нешто посебно расположени за денов. Освен ако можеби не ви е роденден, во кој случај среќен нека ви е!

Но, шансите се значително поголеми дека сте со тажен израз поради сета таа работа што ја оставивте незавршена во петок, кога мислевте дека понеделник е далеку. Поради алармот што одново и одново го мразите се повеќе. Поради понеделничкото станување од кревет што буквално е една од најтешките работи со кои сте се сретнале било кога. Поради викендот до кои ве делат 5 исцрпувачки работни денови итн...

Велат дека шансите за пад на цените на акциите се убедливо поголеми во понеделници отколку во било кој друг ден. Не е залудно тоа што постојат црн и син понеделник. Двата најголеми економски колапси  (еднаш во октомври 1987, втор пат во август 2011) се случени во понеделник, двата познати како “црн понеделник”, а понеделникот од последната целосна недела во јануари е познат како “син понеделник”, односно најдепресивниот ден од годината...

Но, не можеме да ги избегнуваме понеделниците. Според една студија објавена во угледниот британски Телеграф, најдобрите начини за избегнување на понеделничките нервози се следниве – гледање смешни видеа наутро, водење љубов, шопинг во супермаркет пред да одите на работа или планирање на одмор.

А ако навистина не ви е денот, тогаш време е за нешто добро! Како што кажува слоганот на Гуте Фрухте, можеби доволно ќе е една чаша од прекрасниот нов сок на нашиот пазар. Со неодолив вкус направен по швајцарски рецепт, Гуте Фрухте е навистина нешто добро! Веќе се наоѓа во маркетите близу до Вас, а започната e и акцијата на промовирање на извонредните природни вкусови во секоја капка Гуте Фрухте по специјална промотивна цена за овој период. Првичните реакции од Вас се извонредни, доколку не сте се увериле сами, појдете до најблискиот маркет уште веднаш и побарајте го македонскиот сок со швајцарски вкус. 

Компанијата Тотал Брендс, заедно со продукцијата Еден на Еден и бренд амбасадорите Марјана Станојковска и Атанас Костовки, веќе завршија со првата фаза од многуте планирани промо активности т.е. го снимија рекламниот тв спот. Додека чекаме да видиме што направиле, еве неколку слики од снимањето

zosto-mrazime-ponedelnici-1

zosto-mrazime-ponedelnici-2

zosto-mrazime-ponedelnici-3

zosto-mrazime-ponedelnici-4

Пробајте го Гуте Фрухте и дадете му насмевка на овој понеделник. Сепак нели, време е за нешто добро!

Би можело да ве интересира:

Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg