Соочете се со последиците од своите одлуки

Секоја ваша одлука со себе носи можни последици. Ако не сте способни да се носите со последиците, не сте способни ни да донесувате правилни одлуки.

soocete-se-so-posledicite-od-svoite-odluki-01

Не може секогаш да бидете во право, но прифаќањето на последиците е знак на зрелост, а само зрелите личности може да донесат правилни одлуки.

Затоа, научете да го слушате гласот кој ве предупредува и научете да се носите со последиците од вашите одлуки.

Гласот на совеста

Секојпат кога не сте сигурни дали некоја одлука е добра за вас и за другите, се јавува глас кој ве предупредува дека утре може да зажалите.

Тогаш, наместо да ја занемарите совеста, застанете за момент и послушајте ја. Преиспитувањето е одличен начин за да бидете потполно сигурни дека вашата одлука е правилна.

Со главата во ѕид

Гласот на совеста не би требало да го игнорирате. Барем накратко застанете и одложете ја одлуката.

Можеби за некое време ќе имате сосема поинакво мислење, или ќе успеете да ја погледнете целата ситуација од сосем поинаков агол.

Можеби совеста нема да ви даде мир, но понекогаш морате да одите „со главата во ѕид“.

soocete-se-so-posledicite-od-svoite-odluki-1_resize.jpg

Не размислувате за последиците

Кога ќе го направите она што сте го замислиле, нема потреба одново да размислувате за тоа. Ако сте донеле одлука и сте ја спровеле на дело, сега е време да ги прифатите последиците и да знаете да се носите со нив.

Мора да го анализирате направеното, но потоа мора да продолжите понатаму и да не се враќате назад.

Тоа е дел од минатото и грижата на совест е непотребна. Ако се покаете и сфатите дека сте згрешиле, потрудете се да ја поправите грешката, или да извлечете поука.

Би можело да ве интересира:

Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
8 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да кажете „НЕ“, без да се чувствувате непријатно Излажете, искористете шега, но бидете и директни ако сте соочени со неучтива лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg