Корисни трикови кои ќе ви откријат дали носите погрешен градник

Стручњаците тврдат дека дури 80% од жените носат погрешен број на градник, но и погрешен облик.

korisni-trikovi-koi-kje-vi-otkrijat-dali-nosite-pogresen-gradnik-

Потрагата по удобниот градник понекогаш ни се чини невозможна, токму поради фактот што не знаеме каков градник да одбереме, која големина, облик на корпите...

Овие неколку совети ќе ви го олеснат купувањето на градникот, но и ќе ви покажат кога е време да го фрлите стариот градник:

Дали градникот е преголем?

Ако корпите од градникот не ви се припиени за градата и имате простор, тогаш градникот е преголем. Во ниеден случај градникот не би требало да се одвојува од телото, туку да ја следи линијата на градите.

За да бидете сигурни дека градникот ви е точен, ставете го прстот на долниот дел од градникот, односно корпата. Во тој дел од градникот, не треба да има место за повеќе од еден прст. Освен тоа, кога го облекувате градникот подигнете ги рацете нагоре, ако и вашиот градник се крева нагоре тогаш тој е преголем за вас.

Дали градникот е премал?

Градникот треба да биде припиен, но и тоа има своја граница. Доколку градникот ви ја превиткува кожата, тогаш значи дека е премал.

Трагите по кожата и болките во рамениците или грбот исто така е показател дека носите помал број од потребното.

korisni-trikovi-koi-kje-vi-otkrijat-dali-nosite-pogresen-gradnik-.2jpg

Други проблеми со градникот

Широките градници и претесните не се единствен проблем. Сетете се само на болките на рамениците, стриите и другите неподносливи болки заради погрешно одбраниот градник.

Затоа, овие совети секогаш имајте ги на ум:

- Салото на грбот обично се појавува со дебелеењето, но и со стареењето, бидејќи со текот на годините кожата губи на еластичност. За да ги смалите наборите на вашиот грб, одберете градник кој е поширок на задната страна, а за уште подобри резултати облечете памучна поткошула за изедначување на линиите.

- Стриите во пределот на градите се појавуваат како резултат на погрешен градник. Стриите настануваат бидејќи градите немаат соодветна поддршка. За да ги ублажите стриите користете посебни креми и внимавајте при изборот на корпите од градниците.

- Прерамките на градникот служат како потпора за само 10 проценти од тежината на вашите гради. Ако прерамките ви се премногу припиени за рамениците, тоа значи дека градникот не е премногу стегнат за вас. Тоа најдобро ќе го проверите со тоа што ќе ги извадите прерамките, ако градникот и без нив стои добро на вашите гради и изгледа цврсто тогаш е во ред. 

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Ако некој се смее премногу - осамен ѐ: Психолошки состојби кои треба да ги препознаете Ако забележите дека некој спие повеќе од нормалното, прашајте го дали го мачи не...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg