Брз трик: Смалената облека при перење, проширете ја за со 4 чекори

На сите ни се има случено да си ја најдеме омилената блуза смалена за неколку броја. Но, нема потреба од разочарување. Доволен е еден трик во неколку чекори и облеката ќе ја проширете барем за 5 сантиметри.

brz-trik-smalenata-obleka-pri-perenje-prosirete-ja-so-4-cekori-01

Потребно ви е:

  • Сад со млака накај студена вода
  • Омекнувач за облека, или бебешки шампон, или регенератор за коса
  • Пешкир
  • Шпенагли
  • Поголема рамна површина


Постапка:

1. Во садот со вода истурете малку од омекнувачот и потопете ја облеката. Оставете ја да отстои 30 минути, да ја впие водата и да омекне.

2. Потоа извадете ја облеката и ставете ја на рамната површина, раширена врз посланиот пешкир. Замотајте го во ролна пешкирот заедно со облеката, за целосно да ја впие водата.

3. Со раце истегнете ја убаво облеката до големината која ја сакате, па повторно ставете ја на даската и дополнително обликувајте ја и прицврстете ја со шпенаглите.

4. Оставете ја да се досуши, па обликувањето завршете го со пеглање на соодветна температура.


Погледнете го видеото и следете ја постапката:

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg