Пробај да ме импресионираш!

Оскар Вајлд, во една прилика обидувајќи се една голема мудрост да ја смести во мала реченица изјавил: Мажите ја измислија цивилизацијата за да ги импресионираат жените.

probaj-da-me-impresioniras-001.jpg

Денес, без разлика дали си маж или жена имаш потенцијал да го импресионираш светот, а притоа да те нема во жолтиот печат.

Ако ме прашаш како, јас ќе ти го дадам мојот одговор кој неминовно ќе биде субјективен. Ако го прашаш татко ми, ќе ти каже дека тоа е невозможно и дека леташ во облаци. Ако го прашаш дедо ми, ќе ти каже дека нема никаква можност да го импресионираш светот бидејќи се е измислено и се она што го нарекуваме „новосоздадено“ е само копија на веќе постоечкото.

Дали тоа значи дека треба да се откажеме од креациите? Дали тоа значи дека треба да се помириме со нештата такви какви што ни се дадени и да не менуваме ништо? Дали тоа значи дека не треба да создаваме нови вредности во општеството кое почна да ги губи старите?

Во минатото, уметниците биле тие што создавале чувтсво на импресија кај обичниот народ. Но, што со оние луѓе кои немаат уметничка душа? Имаат ли тие можност да импресионираат некого?

Дефинитивно, да! Започни од тоа да бидеш добар. Љубезен. Подготвен за прегратка. Една насмевка дневно не ја намалува твојата банкарска сметка. Неколку убави зборови нема да му наштетат на твојот нов автомобил. Една силна и искрена прегратка нема да ја расипе храната во твојот фрижидер. И ете, си ме импесионирал!

За жал, живееме во општество каде парите ги поставуваат вредносните модели на однесување, каде и чувствата стануваат бренд. Некогаш, за среќа подолготрајни од сите останати брендови заедно.

Биди со луѓето, меѓу луѓето и за луѓето. Секој има своја приказна. Слушни ја, можеби денес таа е најимпресионирачката на целиот свет. Кога повеќе би се слушале едни со други. Кога повеќе би комуницирале со силни пораки и преку вистинските медиуми, кога повеќе би љубеле, можеби ова би бил најдобриот од сите можни светови.

Најди си начин и простор да ја кажеш својата приказна. Тишината е најголем непријател на општеството и конфузија за човекот. Биди искрен, како кога беше дете и ѝ кажа на баба ти дека е дебела, затоа што тоа си го слушнал од мајка ти. Биди љубопитен, како кога прашуваше зошто небото е сино. Знаеш ли денес од научен аспект да ми објаснеш зошто небото е сино!?

Биди предвидлив, не за џабе употребуваш фаќалка за тавата од шпоретот. Но, пред сè, биди свој. Само така ќе имаш уникатна приказна. И уште еднаш ќе нè импресионираш!

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg