Руски суеверија кои не се многу различни од нашите

Сите култури имаат свои суеверија и верувања, па така ниту Русија не е исклучок. Како што е суеверието дека ќе те следи лоша среќа ако црна мачка ти го пресече патот.

Ruski-sueverija-koi-ne-se-mnogu-razlichni-od-nashite-01.jpg

Во продолжение неколку работи кои ќе ве припремат за тоа што прават вашите руски пријатели.


Седнуваат пред поаѓање на долг пат

Русите седнуваат недалеку од влезната врата пред да заминат на пат. Дури и ако еден член од семејството патува, тогаш целото семејство седнува 30 секунди до една минута. Тие сметаат дека со ова ќе обезбедат успешно патување (или подобро кажано да спречат несреќи на патувањето).


Згазнување на нечие стапало

Самиот чин згазнување на нога предизвикува недоразбрање, кавга. Доколку му вратите на лицето кое ве згазило, го затворате кругот и недоразбирањето во иднина би се избегнало.


Поминување од различни страни на столб

Паровите или пријателите не би требало да поминат од различни страни од столб, тоа значи дека нивната врска ќе заврши.


„Ни пуха ни пера“

Кога некој оди на испит, на интервју, на аудиција или некој друг настан на кои што некому би посакал среќа во Русија не смеете да кажете „со среќа“, на место тоа треба да кажете „Ни пуха ни пера“. Што буквално значи ни крзно ни пердуви, а тоа е еднакво на „скрши нога“. Како одговор личноста треба да одговори „К черту“ што значи „По ѓаволите“.


Икање

Ако икате, Русите сметаат дека некој ве мисли. Што значи не треба да се ослободите од икањето.


Западните суеверија не важат во Русија. Како на пример:

Фрлање сол преку рамо, бројот 13 не е баксузен, отворањето чадор во домот не е несреќа.

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
Најпознати турски суеверија – Колку се слични со македонските? Што значи ако ви свират ушите, зошто не треба да ги сечете ноктите навечер или к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg