Детски работи кои не смее да престанете да ги правите

Од некои навики треба да се ослободите, бидејќи местото им е во тинејџерските и детските денови.

5-detski-raboti-koi-ne-smeete-da-prestanete-da-gi-pravite-01.jpg

Но, некои детски работи, реакции, однесувања засекогаш ќе ви бидат потребни.

Дар е кога умееме да го погледнеме светот низ детските очи.

Среќно исчекување

Се сеќавате на она време кога ќе си легневте и едвај чекавте да дојде „утре“ за да ја видите симпатијата или за да одите на некое многу посебно место?

Сега кога веќе пораснавте обично низ глава ви се вртат работи кои следниот ден мора да ги направите, списоци, пресметки, грижи...

Брзајќи кон должностите и обврските не ги забележуваме и цениме оние добрите и весели моменти кои сигурно ги има секој ден.

Пред да си легнете размислувајте што сè убаво ве очекува следниот ден.


Спонтано изразување на чувствата

Отвореноста за солзи, насмевки, прегратки ни помага да не станеме груби, ладни, бесни ... Чувствата се богатство кое не смееме да го изгубиме.


Љубопитност

Што? Зошто? Како? Децата постојано прашуваат. Нивниот мозок е како сунѓер кој ги впива сите информации и таков треба и да остане.

Секогаш имаме што да научиме, за што да се заинтересираме, да дознаеме. Мудроста не е во големото знаење и искуството туку во тоа да бидеме свесни колку е знаењето и искуството ограничувачко!


Чудење и воодушевување

Работите не мора да бидат нови за да им се воодушевувате и чудите. Природата постојано кружи околу сите појави и облици на живот.

Ние само треба да бидеме отворени за да ги перципираме впечатоците. Сонцето заоѓа денес како и вчера и завчера, но таа глетка не е помалку убава – туку баш спротивно.


Што ќе бидам кога ќе пораснам?

Секој ден можеме по уште малку да пораснуваме и уште малку да им се приближуваме на соништата . И кога се чувствуваме исполнето не треба да престанеме да растеме и да фантазираме за тоа што може да бидеме.

Би можело да ве интересира:

Не јадел ништо 382 дена, пиел само течности и витамини и ослабел 125 kg – чудниот случај на маж од Ш... Во 1960-тите, Ангус од Шкотска имал 206 килограми. Сакајќи да се ослободи од нив...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Животни лекции кои некои луѓе (за жал) ги учат премногу доцна во животот Не можете да контролирате сè и колку побргу го сфатите тоа, толку посреќни ќе би...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Убиства, исчезнувања: Морничави нерешени мистерии поврзани со славни личности Исчезнувањето на актерот Џо Пичлер, но и убиството на Елизабет Шорт која била пр...
Фрлаат бебиња од кров, жените ги венчаваат со бикови: Морничави индиски ритуали кои го згрозуваат св... Женските деца се сметаат за товар, па често и се убиваат додека се бебиња, се ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg