6 работи кои среќните луѓе ги прават секој викенд

Неколку кратки совети ќе ви помогнат никогаш по повеќе залудно да не ги трошите вашите викенди.

6-raboti-koi-srekjnite-lugje-gi-pravat-sekoj-vikend-01.jpg

Често се случува двата дена кои ги имаме за одмор да ги потрошиме мрзливо и на крајно непродуктивен начин, со низа работи кои ве чекаат за поденелничкото утро.

Па, не е ни чудно што токму понеделник е најомразениот ден.

Неколку активности кои ги прават среќните луѓе за време на викендите:

1. Си играат

Веројатно постојат работи кои не сте ги правеле уште од детството или тинејџерските години, а биле нераздвоен дел од вашиот викенд.

Погледнете каков ви е распоредот и вклопете ги и тие активности кои повторно сакате да ги искусите. Добра идеја е истите да ги направите заедно со вашето дете.

2. Ги користат утрата

Често саботните и неделните утра ги поминуваме во домашни обврски, а токму овој период е најдобар за личен раст и развој.

Тоа може да бидат обични физички вежби кои ќе ве направат посреќни, медитација или јога - накратко сè што може да ви го подигне допаминот и да ве направи посреќни.

3. Формираат семејни ритуали

Посветете бар дел од викендот на семејни ритуали - неделен ручек, утрински излет, попладневна семејна игра...

Било што со кој ќе градите заеднички спомени.

4. Офлајн време

Барем еден дел од викендот поминете го без да помислите на вашиот компјутер, смартфон, Фејсбук, Инстаграм...

5. Оставаат време за истражување

Прошетката, трчањето или возењето на велосипед можат да се претворат во мала авантура. Излезете надвор и откријте некое ново место во вашиот град.

6. Испланирајте нешто забавно за недела навечер

Вообичаено, неделната вечер е време кога размислувате за вашата работа и чувствувате доза на напнатост пред почетокот на работната недела.

Концентрирајте се на нешто забавно и најдете начин како да се ослободите од напнатоста.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Необични работи и изуми што можете да ги видите само во Јужна Кореја (фото) Телевизиски канали за кучиња и клупи со соларни панели и полнач за телефон – Нек...
4 трикови со кои ќе си ја зголемите продуктивноста без многу напор Зошто да ги помните информациите кога можете да ги запишете во планер или како п...
Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несре...
Емотикони што сигурно не сте знаеле дека ги употребувате погрешно (втор дел) Во комуникацијата на социјалните мрежи многу често се употребуваат различни емот...
Екипаж кој исчезнал без трага, чудни повици за помош - 5-те најголеми поморски мистерии Во 1955 година, MV Joyita, мал рибарски брод, тргнал на рутинско патување на Пац...
8 правила за бон-тон однесување на плажа, кои културните луѓе ги знаат и во сон Не ги преместувајте лежалките од бич барот кадешто престојувате на начин кој вам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg