Што е подобро: Да бидете во право или да бидете љубезни?

„Тоа што мислите за мене, не е моја работа.“ – ова е реченица којашто треба добро да ја запамтите и да си ја повторувате секојпат кога некој ќе ве критикува.

sto-e-podobro-da-bidete-vo-pravo-ili-da-bidete-ljubezni-01.jpg

Вејн Дајер, доктор по психологија и еден од најистакнатите писатели на современата мотивациона литература, открива зошто никогаш не треба да се расправате околу тоа дали сте во право или не, и дека, туѓото мислење не треба воопшто да ве засега.

Тој вели дека секогаш треба да изберете да бидете љубезни, наместо да докажувате дека сте во право, а еве и зошто:

„Единственото нешто што треба да го направите е да се ослободите од потребата за вашата репутација да остане недопрена. Не треба да ве интересира што другите мислат за вас.“

Исто така, ние имаме потреба да бидеме во право, но дали тоа е неопходно?

Секогаш велам, кога имате избор – дали да бидете во право или да бидете љубезни, секогаш изберете да бидете љубезни“ – вели тој.

„Кога некој сака да ве победи со аргументи, за да ве обвини наместо да возвратите со обвинување, запрашајте се: Што би било убаво сега да кажам? Што можам да кажам за оваа личност да се чувствува подобро?“ – советува психологот.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги изберете вистинските очила (според формата на лицето)? Ако имате овално лице, рамките на очилата треба да бидат широки колку најши...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...
Изберете една тарот карта и дознајте што ве очекува во мај Сонце, свет или тркало на среќата? Тарот картата што ја избравте ќе ви открие шт...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Кој навистина ја измисли Барби – Жената која сакаше девојчињата да имаат кукли со гради или „разврат... Рут Хендлер и Џек Рајан се двете имиња што се спомнуваат како креатори на Барби....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg