Интровертите се родени за длабоко да се поврзат со другите

Интровертните личности често ги доживуваме како мирни и срамежливи - да, можеби не се најдобар избор за забава, но ако подлабоко во нивната душа ќе откриете стотина прекрасни работи.

introvertite-se-kako-rodeni-za-dlaboko-da-se-povrzat-so-drugite-01.jpg

Интровертите не се нужно срамежливи, но немаат потреба да се хранат од социјалната енергија онака како што имаат потреба од тоа екстровертите. 

Тие не мораат да бидат во центарот на вниманието, но тоа не значи дека не се добри за разговор или дека со нив не можете да си поминете одлично.

Еве зошто...

Интровертите сакаат длабоки разговори

Интровертите одлично комуницираат кога станува збор за разговор еден на еден. А, ако зборувате со нив, бидете подготвени за квалитетна и интелигентна комуникација.

Тие се предаваат на долгите разговори и знаат добро да слушаат. Интровертите не се љубители на кратки разговори, сакаат да зборуваат помалку, но да кажат повеќе.

Заради тоа се способни подлабоко да се поврзат со оние кои сакаат да комуницираат на овој начин.

Поседуваат интригантна длабочина

Интровертите ги опкружува некоја мистика заради која другите луѓе често се свесно или несвесно привлечени од нив и сакаат да откријат што се крие.

Имаат успешни односи и со екстровертите и со интровертите

За разлика од екстроевртите, интровертите можат да комуницираат со сите типови на луѓе  и имаат неверојатна дарба да влијаат на нив.

Функционираат како Јин и Јанг, па не е ни чудно што многу можат да се поврзат со поотворени личности, а заради тоа можат успешно да се дружат со нив.

Интровертите се одлични слушатели

Интровертите имаат одлични способности кога е во прашање слушање на другите. Тие целосно го вклучуваат своето внимание, забележуваат детали, размислуваат и поставуваат прашања.

Интровертите се и неверојатни партнери заради горенаведените особини, бидејќи покажуваат дека се посветени и внимателни, а токму заради тоа воспоставуваат и подлабоки односи.

Интровертите се помирни кога ќе се најдат во ситуација на агресија

По природа се мирни и никогаш нема да ги забележите како се однесуваат како „мангупи“, да започнат тепачка или расправија.

Интровертите преферираат на мирен начин да најдат корисно решение на проблемите и недоразбирањата со луѓето околу нив.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg