Од психолог на Харвард: 3 брзи начини како да си ја вратите самодовербата

Постојат моменти во животот кога морате да бидете максимално смирени и сталожени – интервјуа, јавни говори, важни разговори...

od-psiholog-na-harvard-3-brzi-nacini-kako-da-si-ja-vratite-samodoverbata-01.jpg

А, за среќа, постојат и начини како да се смирите, ако сте возбудени.

Психолозите велат дека постојат неколку техники кои можат да ви помогнат:

1. Застанете како победник и стојте така две минути

Сигурно сте слушнале за психологот Ејми Кади која вели дека пред важните настани добро е пред огледало да застанете исправени со градите нанапред односно, да заземете силна позиција која несвесно ќе ви ја подигне самодовербата.

Оваа поза уште се нарекува и поза на суперхероите: Застанете исправени, рацете ставете ги ременот и дишете ритмички и динамично. Замислете се како олимписки шампион на подиум.

Експериментите потврдиле дека оваа поза навистина ви ја зголемува самодовербата и ве смирува.

od-psiholog-na-harvard-3-brzi-nacini-kako-da-si-ja-vratite-samodoverbata-1.jpg

2. Замислете се после многу години

Замислете си како поминале многу години, замислете си ја иднината и тогаш кога ќе добиете јасна визија за себе, ќе бидете поодлучни и поактивни.

Еден експеримент потврдил дека сликата за себе во иднина ви помага да добиете јасна цел во моментот.

od-psiholog-na-harvard-3-brzi-nacini-kako-da-si-ja-vratite-samodoverbata-2.jpg

3. Заблагодарете му се на животот

Уште една можност е да замислите хоризонт, а на него како изгрева сонце. Ова не само што ќе ви го намали стресот, туку ќе ви го подобри расположението и ќе ви донесе мир во главата.

Дополнително на тоа што ќе замислите природа, потребно е и да научите да бидете благодарни за работите кои ви се случуваат во моментот. Тоа ќе ви даде нова перспектива за животот и ќе ве направи полни со самодоверба.

od-psiholog-na-harvard-3-brzi-nacini-kako-da-si-ja-vratite-samodoverbata-3_copy.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 важни животни лекции кои (за жал) ги учиме предоцна Понекогаш луѓето што ви биле најважни во животот преку ноќ може да ви станат стр...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg