17 длабоки мудрости за животот од луѓето кои поминале 100-тка

Тврдењето дека „мудроста доаѓа со годините“ сите би се согласиле дека е прилично точна. Работите кои ги учиме во текот на животот нè учат како да најдеме вистинска среќа и да откриеме што е она што навистина значи.

17-dlaboki-mudrosti-za-zivotot-od-lugjeto-koi-pominale-100ka-01.jpg

Па, логично е дека можеме да откриеме многу мудри вистини од постарите.

На Reddit еден млад човек решил да направи место каде луѓето ќе можат да ја прашуваат неговата баба која има 101 година. Еве како таа одговара:

Каков совет би споделиле со некој кој е во своите 20-ти?

Никогаш не се откажувајте. Млади сте и ќе ве очекуваат многу тешки времиња. Ама не се откажувајте. Никогаш.

Која е најголемата лекција која сте ја научиле?

Бидете искрени. Ретко кога сум лажела. Кога сте искрени со луѓето искреноста ќе ви биде возвратена. Премногу е мачно да морате да одржувате лага, па и стресот е поголем.

Совет за како да живееме над 100?

Секогаш слушајте ја другата личност. Ќе научите нешто. Обидете се да бидете послушни, бидејќи многу повеќе ќе научите, ако ги слушате другите околу вас, наместо вие да бидете тие кои ќе кажуваат што треба другите да прават.

Какво искуство би препорачале секој во животот да го доживее?

Разгледајте го светот колку можете повеќе.

Тајни за здравје?

Дремнувајте секој ден.

Авторот Бел Кауфман кога одржал говор во колеџот „Lona“ имал 100 години. Еве што споделил тој во однос на „состојките“ кои ви се потребни за да креирате среќен живот.

Хуморот е животна сила која ви помага да преживеете.

Секој треба да биде љубопитен. Секој треба да биде заинтересиран за животот околу него. Секој треба да биде возбуден за новите работи, да запознава нови луѓе, и да биде исполнет со страст за животот.

Не е важно што ве интересира, важно е што и да правите, тоа да го правите со страст.

104-годишниот Шигеаки Хинохара, автор на „Living Long, Living Good“ споделува неколку брилијантни мудрости:

Не бидете гневни затоа што немате материјални нешта. Запомнете дека никогаш не знаете кога ќе заминете од овој свет, а материјалните места не можете да ги носите со себе на другото место.

Болката е мистериозна, ама забавата е најдобар начин да заборавите на истата.

Елса Бејли својот 100-ти роденден го прославила со скијање на Колорадо. За ABC News открива што е тоа што секој треба да го знае за да живее среќен живот.

Ако сте позитивни, сè ќе помине. Ако сте негативни само си го труете телото. Само смејте се. Велат дека насмевката е најдобар лек на светот.

Бидете активни – секогаш. Јас на пример, скијам, дури и сега кога имам 100. Морате да ја трошите вашата енергија. Вежбите и свежиот воздух никогаш не можат да ви наштетат. Исто така, обидете се да јадете здраво.

Еден 100-годишен човек кажал:

Патувајте додека сте млади и во можност. Не се грижете за парите, само снајдете се. Искуствата се далеку поважни од парите.

Единствената константна работа се промените, па морате да научите да ги прифаќате.

Еден ден ќе сфатите дека голем дел од времето сте го поминале само во грижење непотребно.

Не велам дека треба да бидете дел од некаква религија, ама убаво е да верувате во нешто. Важно е да откриете што ве води низ животот.

Не го сфаќајте животот премногу сериозно.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg