Зошто кога е ладно и тмурно изгледаме постаро?

Дали сте забележале дека кога е тмурно и ладно, луѓето ви делуваат некако поизморено и постаро? А, веројатно и вие.

zosto-koga-e-ladno-i-tmurno-izgledame-postaro-01.jpg

Зошто?

1. Имаме подочници

Во есен и зима подочниците се многу поизразени, покажуваат истражувањата. Недостатокот на витамин Д и К има негативен ефект врз очите. Поради тоа ви се случува дуење на очите и тоа ве прави барем 4 години постари.

2. Косата не ни изгледа здраво

Ладно, па топло, ниска влажност и електрицитет – сите овие фактори придонесуваат за оштетување на косата и нездрав изглед. Обидете се почесто да користите маски и масла.

3. Темните бои не ни прават услуга

Во зима секогаш носиме потемни нијанси, но токму тие ве прават визуелно постари. Внесете повеќе живост во облеката.

4. Кожата ни е сува

Исто како и со косата, така и кожата се суши од постојаната промена на температурата, влажноста на воздухот, ветровите и слично. Додадете неколку капки бадемово масло во кремата која ја користите во зима.

5. Помалку вежбаме

Тешко е да вежбаме и да се мотивираме кога надвор постојано е тмурно и мокро. Прескокнувањето на тренинзите и физичката активност ви го намалуваат еланот, па заради мрзоволноста секако изгледате постаро.

6. Општо, се чувствуваме старо и изнемоштено

Кога надвор е мрачно ни недостасува витамин Д, сè што сакаме да правиме е да лежиме во кревет. Многу е важно да не ја изгубите волјата за живот во овие тешки студени месеци.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Биле во врска, ладнокрвно убиле две жени: Злосторството на сестрите Папин за кое се зборува и 90 год... Сетрите Папин биле опседнати една со друга, неразделни, никогаш не зборувале, а ...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
4 трикови со кои ќе си ја зголемите продуктивноста без многу напор Зошто да ги помните информациите кога можете да ги запишете во планер или како п...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg