Oсновни бонтон правила по кои се водат вистинските Англичани

Според дефиниција, бонтонот е код за културно однесување, но не се работи само за манирите.

osnovni-bonton-pravila-po-koi-se-vodat-vistinskite-anglichani-01.jpg

Тука се вклучени и знаењето и вештините кои ќе ви помогнат да се прикажете во најдобро светло и достоинствено во секоја ситуација.

Никогаш не е доста од нови правила за однесување, па доколку сакате да видите како тоа Англичаните го прават, пточитајте ги основните бонтон правила според нив:

Поздравување

Правилното поздравување е многу важно, бидејќи со тоа го оставате првиот впечаток. Затоа треба да знаете неколку правила:

Ракувањето е брзо, без долго држење на нечија рака. Почитувајте го личниот простор на соговорникот и не го тапкајте по рамо.

При поздравување со дама, мажите можат малку да се наклонат.

osnovni-bonton-pravila-po-koi-se-vodat-vistinskite-anglichani-02.jpg

Манири за средба со луѓе

Точноста е многу важна – кога одите на состанок, треба секогаш да бидете на време или неколку минути порано. Ако доцнењето е неизбежно, тогаш е културно да се јавите и да се извините.

Давајте комплименти почесто – соговорникот ќе се чувствува попријатно и ќе ги покажете вашите квалитети и манири.

osnovni-bonton-pravila-po-koi-se-vodat-vistinskite-anglichani-03.jpg

Облека

Соодветната облека дава повеќе самодоверба и ве издвојува од останатите. Не мора да купувате скапи одека, но, на пример мажите, најважно е да внимаваат на чевлите кои треба секогаш да се во добра состојба и да бираат соодветно палто.

Не купувајте облека која ви е широка во рамената или ви е премногу мала. Сите деловите од оделото треба да ви одговараат на стилот и големината.

Ракавот на сакото или јакната треба целосно да го поклопува зглобот, но потрудете се должината да не достигне до почетокот на палецот.

osnovni-bonton-pravila-po-koi-se-vodat-vistinskite-anglichani-05.jpg

Според бонтон правилата за машкиот стил, најдолното копче на сакото треба да биде откопчано и исто така е важно да бирате горен дел според обликот на телото.

osnovni-bonton-pravila-po-koi-se-vodat-vistinskite-anglichani-06.jpg

Кога станува збор за стилот на жените, исто така е важно облеката да одговара на телото и големината. Традиционално, препорачливо е жените да бираат темен долен дел (здолниште) и светол горен дел. Оваа комбинација ја истакнува фигурата, а истовремено изгледа елегантно и скромно.

Скромноста исто така се запазува и во аксесоарите. Премногу накит од различен тип значи лош вкус.

osnovni-bonton-pravila-po-koi-se-vodat-vistinskite-anglichani-07.jpg

На маса

Ако сте поканети да седнете на ручек/вечера или прослава каде што има и непознати луѓе на маса, не им се обраќајте додека не ве запознаат еден со друг, бидејќи  непристојно.

Внимавајте на рацете. Не ги ставајте на маса, туку држете ги на скут. Истото важи и за телефонот чие место не е на маса.

osnovni-bonton-pravila-po-koi-se-vodat-vistinskite-anglichani-08.jpg

Во ресторан

Ако кажете „Те канам“ пред да одите во ресторан, тогаш вие плаќате, ако кажете „Ајде да одиме во ресторан“, тогаш секој плаќа за себе.

Приборот и садовите на маса се во огромен број, па за полесно да запомните што е што, погледнете ја следнава шема:

  • 1 – салфета за во скут
  • 2 – виљушка за салата
  • 3 – виљушка  
  • 4 – тањир
  • 5 – тањир за салата
  • 6 – нож
  • 7 – лажичка за чај
  • 8 – лажица за супа
  • 9 – шолја и тацна (за десерт)
  • 10 – чаша за бело вино
  • 11 – чаша за црвено вино
  • 12 – чаша за вода
  • 13 – лажичка за десерт
  • 14 – виљушка за десерт
  • 15 – нож за десерт
  • 16 – тацна за леб

osnovni-bonton-pravila-po-koi-se-vodat-vistinskite-anglichani-09.jpg

Како да ја полните чашата и да пиете

За жените, важно е да запомнат дека не треба да остават траги од кармин на чашата. Пред да се напиете, впијте го карминот во марамче.

osnovni-bonton-pravila-po-koi-se-vodat-vistinskite-anglichani-11.jpg

На маса, секој сам си ја полни чашата, а мажите за да се покажат во добро светло, треба прво да ја понудат дамата.

Не ги полнете чашите до горе, посебно кога се со вино. Кога пиете, внимавајте да не се истурите.

osnovni-bonton-pravila-po-koi-se-vodat-vistinskite-anglichani-12.jpg

И најважно – како правилно се пие чај

Шеќерот во чајод се растопува нежно, без да тропате со лажичката по ѕидовите на шолјата.

Лажичката не се остава во шолјата, ниту во тацната, туку на страна.

osnovni-bonton-pravila-po-koi-se-vodat-vistinskite-anglichani-14.jpg

Со едната рака се држи шолјата, а со друга тацната.  

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
8 правила за бон-тон однесување на плажа, кои културните луѓе ги знаат и во сон Не ги преместувајте лежалките од бич барот кадешто престојувате на начин кој вам...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg