Зошто славиме Водици и кој празнува именден денеска?

Во христијанската религија, кумот се смета за духовен родител на крстениот и негов најблизок роднина.

Zosto-slavime-Vodici-i-koj-praznuva-imenden-deneska-01.jpg

Водици или Богојавление е денот во кој Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, според христијанското предание.

Со овој голем празник се заокружуваат дванаесетте т.н. „некрстени денови“, како и циклусот на зимски празници поврзани со Бадник, Божиќ и Нова година (Василица).

Водици по правило се празнува два дена. Првиот ден е 19 јануари, кој покрај Богојавление уште се нарекува и Војордание и Машки Водици. Вториот ден пак е следниот, 20 јануари, наречен Женски Водици.

На првиот ден од празникот во коледица одат само мажите, а вториот ден само жените.

Традиционално во Македонија во многу населени места, свештениците го фрлаат крстот во некоја поголема вода – базен, река, езеро, а луѓето скокаат во водата во обид да го фатат крстот. Се верува дека оној што ќе успее да го фати крстот ќе биде среќен во текот на целата година.

Zosto-slavime-Vodici-i-koj-praznuva-imenden-deneska (1).jpg

Zosto-slavime-Vodici-i-koj-praznuva-imenden-deneska (2).jpg

Овој свет ритуал го симболизира влегувањето на синот божји во реката Јордан.

Според преданието, Водици е денот кога водите стануваат лековити. Токму затоа многумина си земаат од испеаната (светена) вода за дома, или пак му приоѓаат на попот да ги попрска со истата за среќа, здравје и бериќет.

На денешниот ден, именден празнуваат Богдан, Бојан, Богомил, Богдана, Данчо, Данка, Даница, Јордан, Јорданка, Јован, Јованка.

Нека ни е честит еден од најголемите и најубавите христијански празници!

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...
9 совети за преживување во кои не треба да верувате (може да ве чинат живот) Цицањето на отровот од змијата може да биде опасно, а ако се обидете да се ориен...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg