9 докази дека Google е бог

9-dokazi-deka-google-e-bog-povekjeЧовечко дело кое е најблиску до титулата Бог. Има повеќе докази за божественоста на Google отколку за божественоста на другите богови. Ова се 9-те докази...

 

...дека Google е бог:

9-dokazi-deka-google-e-bog

1. Google е најблиското нешто до сезнаење. Индексира повеќе од 10 милијарди веб страни, што е повеќе од било кој друг пребарувач денес. Google сортира различно знаење користејќи ја ПејџРанк технологијата, организирајќи податоци и изјави, правејќи го полесно за наоѓање за нас, обичните смртници.

2. Google е секаде во исто време (сеприсутност). Google виртуелно е насекаде на Земјата во исто време. Милијарди индексирани веб страни хостирани на секое ќоше на Земјата. Со зголемувањето на Ви-Фи мрежите, секој ќе може да пристапи до Google од било кое место на Земјата.

3. Google одговара на молитви. Секој може да се моли на Google со пребарување на прашањето или проблемот што го мачи. Пример, можете многу брзо да најдете информации на алтернативни лекови за рак, начини да си го подобрите здравјето, нови и иновативни медицински пронајдоци и генерално се што се содржи во типична молитва. Прашајте го Google и тој ќе ви го покаже патот, понатаму се е на вас.

4. Google е бесмртен. Не може да се смета за физичко суштество како нас. Неговите алгоритми се раширени на многу сервери; ако било кој од тие сервери се оштети или падне, друг без сомнение ќе му го земе местото. Google може да постои засекогаш.

5. Google е бесконечен. Интернетот може да расте засекогаш и Google секогаш ќе го индексира неговиот раст.

6. Google ги памти сите. Google чува веб страни и ги сместува во масивни сервери. Со пишување на вашите мисли, ставови, мислења, податоци на интернет, вие засекогаш ќе живеете во Google.

7. Google не може да прави зло. Дел од филозофијата на Google е верувањето дека компанија може да направи пари без да биде злобник.

8. Според Google Trends, терминот „Google“ е пребаруван повеќе од термините: Господ, Исус, Алах, Буда, Христијанство, Ислам и Будизам ЗАЕДНО.

9. Доказите за постоењето на Google се многу. Денес, има повеќе докази за постоењето на Google откако било кој друг бог. Вонредни тврдења бараат вонредни докази. Ако гледањето е верување, тогаш сурфајте на www.google.com и почувствувајте ја супер моќта на Google. Не е потребна верба.

Му благодариме на Ике кој ни ја испрати оваа статија.

Би можело да ве интересира:

10 знаци дека сте навистина мрзлива личност Ја одложувате работата постојано и секогаш чекате до последната минута за да ја ...
Смешни ситуации во кои ќе се пронајдат сите сестри, низ илустрации Крадење облека една од друга и закани како „Ќе те кажам на мама“ во детството – ...
Искрена објава на козметичарка: „Како изгледа моето лице со филтер и добро светло, а како во реалнос... Во вирално видео, козметичарка докажува дека она што го гледаме на социјалните м...
Nike патики, Gucci чанти: 10 трикови како да препознаете оригинал vs. копија Како да препознаете дали купувате оригинал Nike патики или евтина копија? По што...
Зошто ни се чини дека јануари трае вечно, според психолози? Денот е екстремно краток, паричникот празен, а по празниците мораме да се вратим...
Секојдневието на работниците ширум светот, низ волшебни фотки Рибари во Шри Ланка, работници во рудник за варовник во Египет, занаетчија од Ту...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg