Зошто ни се чини дека јануари трае вечно, според психолози?

Денот е екстремно краток, паричникот празен, а по празниците мораме да се вратиме и на работа... Зошто ни се чини дека јануари трае цела вечност, според психолозите?

zoshto-ni-se-chini-deka-januari-trae-vechno-spored-psiholozi-01_copy.jpg

Вистината е дека јануари има 31 ден, исто како и другите шест месеци во годината, но речиси на сите им се чини дека првиот месец во годината трае цела вечност и никако не завршува.

Зошто е тоа така? Според психолозите, постојат сосема разумни и јасни објаснувања.

zoshto-ni-se-chini-deka-januari-trae-vechno-spored-psiholozi-02.jpg

Во продолжение некои од психолошките причини заради кои јануари е долг како цела вечност:

Разочарување заради тоа што поминале празниците

Според психологот Клои Кармајкл, јануари е најдепресивниот месец во годината, затоа што нè потсетува дека убавите празнични денови се далеку зад нас.

„Добиваме подароци или даваме подароци и гледаме како другите луѓе уживаат во магијата што сме ја создале за нив и тоа нè полни со допамин и се чувствуваме одлично.

Затоа, по празниците може да имаме пад на хормоните и се чувствуваме како некој нагло да нè испразнил, па тоа е голем контраст со претходните емоции“ – појаснува таа.

zoshto-ni-se-chini-deka-januari-trae-vechno-spored-psiholozi-03.jpg

Финансиски проблеми

Според Кармајкл, често се случува луѓето да трошат повеќе од вообичаено пред празниците, па кога по Божиќ ќе ги „стасаат“ неплатените сметки и останатите неопходни трошоци, тоа може да предизвика чувство на депресија.

zoshto-ni-se-chini-deka-januari-trae-vechno-spored-psiholozi-04.jpg

Денот е краток, случајните средби сè поретки

Уште еден проблем е тоа што во јануари денот е мошне краток, па заради тоа луѓето ретко излегуваат и со тоа се намалуваат шансите за неочекувани случајни средби, што може да ви ја вратат позитивната енергија.

Ова е огромен контраст во споредба со големите средби и дружења што ги имале во претпразничниот период.

zoshto-ni-se-chini-deka-januari-trae-vechno-spored-psiholozi-05.jpg

Враќање на обврските

Според психологот Паулин Валин, уште еден проблем е тоа што луѓето по завршувањето на празниците мораат да се вратат на работните обврски и на секојдневието, што за некои може да биде мошне макотрпно.

„Постојат голем број фактори што влијаат врз нашата перцепција на времето, но во основа, кога не се чувствуваме пријатно или кога трпиме болка, обрнуваме многу повеќе внимание на непријатното чувство и на тоа колку време трае“ – вели таа.

zoshto-ni-se-chini-deka-januari-trae-vechno-spored-psiholozi-06.jpg

Притисок заради новите почетоци

За некои луѓе, новата година означува нов почеток и можност да ги реализираат сите цели што не успеале да ги реализираат во претходната година.

„Тие може да чувствуваат голем притисок кога ќе погледнат што направиле изминатата година и што треба да направат во годината што доаѓа“ – вели Кармајкл.

zoshto-ni-se-chini-deka-januari-trae-vechno-spored-psiholozi-07.jpg

Што може да се направи?

За да ни помине побрзо јануари, добро би било да одвоиме време за одмор, но и да испланираме повеќе забавни активности.

Непланираните прошетки и излегувања, исто така може многу да помогнат, затоа што ќе донесат промена во секојдневието.

zoshto-ni-se-chini-deka-januari-trae-vechno-spored-psiholozi-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg