Немате пари за подароци?

nemate-pari-za-podaroci-povekjeПостојат прилики кога редот наложува да се однесе подарок, а ако сте дружељубива личност, можеби имате многу такви прилики - Нова година, венчавки...

 

...родендени, слави и слично.

Тогаш може да се постави прашањето, имате ли доволно пари за подарок?

nemate-pari-za-podaroci

Не дека некој очекува дијамантска огрлица од вас, но може да ви е проблем да најдете пари за некој пристоен подарок. Тука доаѓаат до израз: вашето внимание, досетливост и креативност.

Имено, покрај тоа што редот наложува да однесете подарок, не постои правило кое вели колку тој подарок мора (минимално) да чини, без разлика колку некој би сакал да добие скап подарок.

Така можете да урамите фотографија од некоја случка кој ви е во убаво сеќавање и вам и на личноста на која и ја подарувате, или пак можете да се сетите на некој омилен колач, омилена играчка од детството, омилена книга од детството, избор на омилена музика и тоа да однесете за подарок.

Ако умеете да плетете или нешто слично, подарокот можете самите да го направите; ако знаете дека таа личност сакала книга која е распродадена и изданието е старо, секак дека ќе ја израдувате ако таа книга успеете да ја пронајдете во некоја антикварница.

Се вели, вниманието е најважно, и тоа е сосеа точно; а поголемо внимание ќе покажете ако се сетите што му се допаѓа на тој кому му носите подарок наместо да купите подарок од 100 евра баш затоа што е скап и така претставува вреден подарок.

Навистина, постојат и луѓе на кои повеќе би им се допаднало да добијат парфем од 100 евра, без разлика што прв пат слушаат за тој парфрм или воопшто и не им се допаѓа како мириса, отколку да им подарите урамена фотографија од некој убав заеднички момент.

Тука доаѓа до израз не само вашето внимание во избор на подарокот туку и вашето внимание во избор на пријатели.

Би можело да ве интересира:

Белите дробови откажуваат, органите се уништуваат – Што се случува со телото на големи длабочини? Поради огромниот притисок, на големи длабочини на човечкото тело му откажуваат о...
Методи за спречување на тантруми според возраста: Како да реагирате кога детето има 2, а како кога и... Сите гледаат во вас, а вашето дете вреска и се удира од ѕид. Не грижете се и про...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
Модерни бон-тон правила кои треба да ги почитуваме во секојдневието Не праќајте гласовни пораки, а кога каните гости на ручек, прашајте ги дали имаа...
Детален приказ: Како гледаат луѓето со разни проблеми со видот? Сте се запрашале ли како гледаат луѓето кои имаат глауком или оние со некои видо...
Хероите од нашето детство: Кои македонски актери ги глумеа принцовите, вредните и храбри момчиња во ... Принцови и храбри момчиња кои успеваат да го надмудрат и победат најсилниот, а с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg