Кога ќе ве изнервираат...

koga-ke-ve-iznerviraat-povekjeСекому некогаш му се случува нешто да го изнервира и потоа подолго време да остане нервозен. Не мора да се работи за нешто крупно, но секако...


...не е пријатно кога не можете да се смирите и опуштите – особено ако сте самите свесни дека не се работи за нешто крупно. Постои еден многу брз начин да си помогнете.

koga-ke-ve-iznerviraat

Се случува сè да биде нормално, а изненадно некој, или нешто да ве исфрли од такт. Можеби сте направиле некоја глупава грешка на работа, некој ви се развикал, сте се скарале со сестрата/братот....

Многу често не се работи за крупни работи, туку за некоја ситница што ќе ве изнервира. Потоа не ви успева да се смирите, а покрај тоа што сте изнервирани и дополнително се нервирате бидејќи од такт ве извадила ситница.

Зошто понекогш е тешко да се смирите?

Кога нешто ќе ве изнервира, најчеста телесна реакција е да се вкочаните и да ви се забрза дишењето. Вашиот мозок тоа го прима како сигнал за узбуна. Откако ќе помине тоа што ве изнервирало, мускулите и понатаму ви се напнати и понатаму забрзано дишете, па мозокот продолжува да праќа исти сигнали за узбуна и затоа не доаѓа до опуштање. Тоа е како некој магичен круг.

Како да се прекине тој магичен круг?

Постои еден трик кој многумина инстинктивно го користат и незнаејќи зошто, но им помага. Ја ставате раката преку очите така што во потполност ја блокирате светлината и неколку пати вдишувате и издишувате. Сте виделе како многумина така постапуваат, нели? И тоа помага, бидејќи е брз и ефикасен начин на мозокот да му испратите сигнал дека е се во ред и дека е време за опуштање. Потоа мозокот праќа сигнал да се лачат хормони за опуштање, мускулите повеќе не се напнати, дишењето не морате повеќе да го регулирате, туку нормално успорува.

Пробајте! Во најголем број случаи делува, а едноставно е, потребни се само неколку моменти и малку енергија.

Би можело да ве интересира:

Што претставува Вика, религиозното движење на современите вештерки? Вештерките отсекогаш биле популарна тема во приказните, митовите и легендите, а ...
Тајните и легендите на планината Шаста, домот на мистичните суштества од Лемурија Планината Шаста е позната како едно од најсветите места на Земјата, а многумина ...
Четири карактерни особини кои мажите прво ги забележуваат кај жените Со искрена насмевка и љубезност ќе го освоите секој маж. Освен физичкиот изглед,...
Зошто ни се чини дека јануари трае вечно, според психолози? Денот е екстремно краток, паричникот празен, а по празниците мораме да се вратим...
5 митови за диносаурусите што ги знаеме сите, но не се точни Со години се веруваше дека диносаурусите немале ништо врз кожата, но фосилите на...
„Ако се фокусираш на твоите проблеми, ќе имаш повеќе проблеми“ - Психолошки трикови кои секој треба ... Ако се фокусираш на твоите проблеми, ќе имаш повеќе проблеми. Ако се фокусираш н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg