Кока-кола звучи одлично!

coca-cola-zvuci-odlicno-povekjeПостои ли нешто во светот што ги допира и поврзува луѓето така како што тоа го прави музиката? Постои, а нејзината формула, како и онаа на квалитетната музика...


...е тајна која се нарекува – Coca-Cola.

Препознавајќи ја моќта на музиката, Coca-Cola од самите почетоци се поврзува со познати музичари кои земаат учество во радио и ТВ спотовите, позирајќи со шише Coca-Colа. Затоа и не зачудува цврстата, нераскинлива врска на Coca-Cola со музиката.

Врската која на светот му ја пренесе пораката на оптимизам, радост и среќа настанува на сосема необичен начин, со најстарата генерација на блуз-музичари, кои за свирење на т.н. ботлнек стил (bottleneck) користеле отсечено грло од шише Coca-Cola навлечено на малиот прст, лизгајќи така по жиците од гитарата.

На преминот од 19-тиот во 20-тиот век, поточно во 1900 година, како предводник на трендот на поврзување со познати личности, Coca-Cola во својата рекламна кампања ја вклучува Хилда Кларк, пејачка и глумица, како и оперската дива Лилиан Нордика. Но, тоа било само почеток.

Поп и рок музиката одлично звучат со Coca-Colа!

coca-cola-zvuci-odlicno-1

Coca-Cola гради особено силна врска со поп и рок музиката, симболите на бунтот, индивидуалноста и отпорот против негативните случувања и појави, што и не зачудува ако се знае дека компанијата активно учествува во општествените случувања и го отсликува контекстот на времето. Некои од песните користени во кампањата на Coca-Cola стануваат дел од светското наследство на популарната музика, а на авторите им носи слава и препознатливост.

Рекламни песни имаат снимено само најголемите како Д’ Сикерс, Том Џонс, Арета Френклин, Реј Чарлс, Петула Кларк, Вејн Фонтана и Мајндбендерси, Д’ Сапримс, Д’ Трогс, Рој Орбисон, Д’ Дрифтерс, Ли Дорси, Ненси Синатра, Џо Текс, Лулу, Д’ Муди Блуз, Марвин Геј, Карл Томас, Д’ Фифтх Дајменжн, Гледис Најт енд Д’пипс, Кристина Агилера... Познатите хитови на многу ѕвезди од поп и рок сцената станаа важен дел од рекламните кампањи на Coca-Cola а меѓу нив и: Lola (The Kinks), Coconut (Harry Nilsson), Little Saint Nick (Beach Boys), Bring Me Sunshine (Willie Nelson),  како и композицијата Give A Little Love (Paul Williams) од детскиот филм Багзи Мелоун (Bugsy Malone).

Доказ за исклучителното влијание на Coca-Cola во популарната музика е нејзината најпозната реклама од сите дотогаш снимени, со песната I'd Like To Buy The World A Cokе, која подоцна продолжува да живее како I'd Like To Teach The World To Sing.

coca-cola-zvuci-odlicno-2Оригиналниот радиски џингл за промоција на Coca-Cola го имаат напишано британските автори Роџер Кук (Roger Cook) и Роџер Гринвеј (Roger Greenaway), изведен од Хилсајд Сингерс (Hillside Singers) во 1971. Џинглот се појавил како радиски спот, но голем, дотогаш незапамтен интерес кај публиката предизвикува  дури подоцна со телевизискиот спот снимен на истата музичка тема. Песната е затоа објавена како сингл и со новиот текст се искачува на првото место на британската топ-листа на најпопуларни синглови, како и на американскиот Топ 10, за да на крајот, иако во тој облик директно не ја промовираше, ѝ донесе голема реклама на Coca-Cola.

I'd Like To Buy The World A Coke  е преведена на неколку светски јазици и користена во добротворни цели, а Coca-Cola, освен што го финансира снимањето на плочата, го донира и приходот од првото издание на УНИЦЕФ. Coca-Cola во 2007 година остварува забележителна соработка со британскиот електронски бенд Фејтлес (Faithless) како и со апликацијата iTunes™ обезбедувајќи им на фановите можност за освојување разни влезници за музички фестивали, бесплатно преземање на хитовите од рекламите и слични погодности.

Минатата година особено се истакна сомалискиот рапер K'Наан (K'Naan), кој ја сними музичката позадина и промотивната химна на Светското фудбалско првенство на ФИФА во Јужна Африка - The Wavin' Flag (Coca-Cola Celebration Mix), а Coca-Cola токму на неговиот пример покажа како, освен веќе докажани музички величини, во своите кампањи со задоволство вклучува и таленти кои штотуку почнуваат да ја градат својата кариера. Сличен пример се многу светски проекти на Coca-Cola со кои им помага на младите таленти да се покажат во најдобро светло, а последен меѓу нив е Coke Music  и Coca-Cola Soundwave, кој промовира млади пејачки надежи.

Позитивните пораки на Coca-Cola, освен музичарите, ги препознаа и останатите ѕвезди, како Харисон Форд во филмот Индијана, Пенелопе Круз, Дејвид Бекам, Џесика Алба и многу други, кои се  вклучија во нејзината промоција. 

Би можело да ве интересира:

9 сурови вистини за животот што треба да ги прифатите (за да бидете вистински среќни) „Најтешко е да останете фокусирани на соништата, а најлесно е постојано да се жа...
На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...
„Јас кога сум ти лут, ама пак те сакам“: Забавни илустрации од Том и Џери во кои секој ќе се пронајд... „Кога плачам ама морам да се видам во огледало дали сум убава...“, „Каков с...
Хит реакција на мало девојче кое за првпат го гледа татко си без брада – „Кој е овој човек?“ Татковците и ќерките имаат посебна конекција, а реакцијата на ова девојче кое за...
Животот пред 30 години и денес: Како изгледа генерацискиот јаз (низ забавни илустрации) Порано родителите само на родителски средби дознаваа за однесувањето на своите д...
12 ситници од AliExpress, поевтини од 300 денари, што ќе ви се најдат низ домот Четка за чистење венецијанер ролетни, заштитна подлога за пеглање, држач за брич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg