Се бара: маж што готви!

se-bara-maz-sto-gotvi-povekjeМажите кои знаат да готват, денес навистина се бројат на прсти. Иако најдобрите готвачи се мажи, модерните момци никако да го прифатат...


...фактот дека кујната може да биде во нивни раце.

Зошто секој вистински маж во 21 век треба да ги научи барем основните тајни на готвењето?

se-bara-maz-sto-gotvi

1. Жените обожаваат мажи кои готват. Не постои жена која може да остане имуна на маж кој и подготвил вкусна вечера. Старата изрека дека љубовта доаѓа од желудникот и понатаму останува точна и применлива.

2. Вештите мажи се атрактивни. Знаете да поправите автомобил, да уловите риба со рака, да препознаете офсајд мижечки. Тоа е супер. Па зарем не треба да научите и како да не умрете од глад кога нема да имате женска особа во непосредна близина?

3. Ќе заштедите пари. Хранењето надвор е многу помалку исплатливо отколку да си готвите дома.

4. Побрзо е отколку да јадете надвор. Штом ќе се извежбате за неколку јадења, ќе сфатите дека готвењето е побрзо отколку да одите до фаст фуд и да чекате ред и 15 минути додека се испече тоа што сте го нарачале. Со гаранција е и поздраво.

5. Може и да загубите некој килограм. Наспроти традиционалните верувања дека маж под 100 кила не е маж – не е баш така. Со квалитетна домашна храна може да изгубите тежина, да ја подобрите крвната слика и да се чувствувате поздраво и подобро.

6. Постои добра шанса да уживате додека готвите. Со тек на време може навистина да се пронајдете себе си. Колку само ќе биде среќна и вашата партнерка. Нема по секси од згоден маж со кецела кој подготвува романтична вечера за саканата.

Познавате ваков?

Би можело да ве интересира:

6 практични трикови кои ќе ви се најдат во секоја ситуација Како да ја извадите гумата за џвакање од косата? Што да направите ако чевлите ви...
Не јадел ништо 382 дена, пиел само течности и витамини и ослабел 125 kg – чудниот случај на маж од Ш... Во 1960-тите, Ангус од Шкотска имал 206 килограми. Сакајќи да се ослободи од нив...
Бизарно: Јапонец живее како куче - Носи костим, јаде кучешка храна Во свет кој ја слави индивидуалноста и разновидните животни стилови, постојат по...
Ги извлекле минути пред да го истрошат кислородот, по 80 часа во подморница: Детали за неверојатното... Роџер Малисон и Роџер Чапман поминале 80 часа заробени во подморница откако се с...
Чудни детали од земјите ширум светот - автомат за колбаси, нудли со кофеин за гејмери (фото) Знаевте ли дека наместо со шеќер, во Иран чајот традиционално се служи со вид на...
Работи што на вработените од разни сектори им е „преку глава“ да ги слушаат, низ илустрации Некои луѓе очекуваат бесплатна фотосесија од нивниот пријател кој е професионале...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg