Најсмртоносните животни и инсекти за луѓето (дел има и во Македонија)

Што мислите, кој убива повеќе луѓе годишно – отровните змии или комарците?

najsmrtonosnite-zhivotni-i-insekti-za-lugjeto-del-ima-i-vo-makedonija--01.jpg

За најсмртоносни животни и инсекти се сметаат оние кои, во просек, се одговорни за смртта на најголем број луѓе годишно.

Ова значи дека само затоа што некое животно е опасно за човекот, не значи дека е и многу смртоносно бидејќи бројот на смртни случаи е мал.

А, токму поради ова, ајкулите, кои за многумина се најстрашни суштества, не се наоѓаат ни во првите десет.

Во 2023-та, потврдени се 69 смртни случаи од напади од ајкули што во споредба со другите е многу мала бројка.

Па, кои се најсмртоносните суштества за човекот?

Нилски коњи

Во просек, нилските коњи убиваат околу 500 луѓе годишно.

Тие можат да бидат поопасни и од лавовите и тигрите, неретко бидејќи луѓето ги перципираат како мирни суштества кои не напаѓаат.

Но, нилските коњи се територијални животни кои можат да бидат многу агресивни, а има случаи во кои напаѓаат и чамци и бродови.

Тежат околу 1.500 килограми, имаат огромни заби и ако одлучат да нападнат, исходот најверојатно ќе биде смртоносен за човекот.

najsmrtonosnite-zhivotni-i-insekti-za-lugjeto-del-ima-i-vo-makedonija-02.jpg

Слонови

Слоновите можат да бидат мошне нежни и кротки суштества, но не треба да заборавиме дека и тие се огромни цицачи.

Во последно време, една од главните причини за агресијата на слоновите е фактот што ние ги уништуваме нивните живеалишта.

Па, во потрага по храна, неретко тие упаѓаат во села и фарми каде што можат да направат стампедо и да убијат многу луѓе.

Исто како нилските коњи, годишно и тие предизвикуваат околу 500 смртни случаи.

najsmrtonosnite-zhivotni-i-insekti-za-lugjeto-del-ima-i-vo-makedonija-03.jpg

Крокодили 

Постојат многу видови крокодили, но за најсмртоносен се смета видот Crocodylis porosus кој живее во солена вода и кој е одговорен за околу 1.000 смртни случаи годишно.

Крокодилите од овој вид неретко ги гледаат луѓето како плен, а и покрај големината (тежат и до 1.300 килограми), се движат мошне брзо, па е речиси невозможно да им избегате.

najsmrtonosnite-zhivotni-i-insekti-za-lugjeto-del-ima-i-vo-makedonija-04.jpg

Човечки глисти

Човечките глисти (Ascaris genus) се паразити кои годишно убиваат околу 2.500 луѓе.

Се пренесуваат кога личноста ќе ги внесе нивните јајца во организмот, најчесто преку храна која е „загадена“ со човечки фекалии.

На најголем ризик се изложени луѓе кои живеат во тропски и суптропски земји.

Црвите се развиваат во цревото каде што се хранат и размножуваат.

Тие предизвикуваат болест која се карактеризира со симптоми како треска, болка во стомакот, отоци и отежнато дишење.

Притоа, можат да пораснат многу големи и да достигнат должина од 30-тина сантиметри.

Добрите вести се дека можете да се спасите ако се заразите со овој паразит, но претставуваат сериозен проблем на места со лоши хигиенски услови и недостиг од медицински помагала.

najsmrtonosnite-zhivotni-i-insekti-za-lugjeto-del-ima-i-vo-makedonija-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
7 забавни факти за слоновите - Ги „погребуваат“ нивните мртви, може да изодат 120 километри дневно Слоновите покажуваат огромна емоционална интелигенција. Тие се едни од ретките ж...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Бизарни подводни суштества кои изгледаат нереално (и застрашувачко) Морничава риба со огромни заби, но и риба со транспарентно тело која е нарекуван...
Камилите складираат вода во грпките: Популарни митови за животните (кои не се точни) Камелеоните ја менуваат бојата за да се камуфлираат, а ајкулите се најсмртоносни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg