Бременост, болести - 6 работи кои кучињата ги претчувствуваат

Тоа дека се најдобри пријатели на човекот веќе го знаеме, како и дека може да го претчувствуваат доброто или лошото расположение.

bremenost bolest 6 raboti koi kucinjata gi pretcuvstvuvaat 2

Но, и кучињата имаат „супермоќи“ за кои не знаеме. Издвојуваме 6 од нив:

1. Пред вас знаат дека сте бремени

Вашето куче може да почувствува дека сте бремени, уште пред да направите тест. Буквално може да ја почувствува промената на бременоста.

2. Породување

Уште поимпресивно – кучињата може да почувствуваат дека сте блиску до терминот за породување. Ако сте при крај на бременоста и кучето не сака да се одвои од вас, тогаш породувањето е блиску и има потреба да ве заштити.

3. Ги „слушаат“ сите промени на времето

Освен нивните извонредни носиња, и ушите им се изострени, односно можат да ја слушнат грмотевицата уште пред невремето да стигне кај вас. Ако кучето станува нервозно одеднаш, без некое посебно објаснување, веројатно се работи за промена во времето.

bremenost bolest 6 raboti koi kucinjata gi pretcuvstvuvaat 001

4. Кога ќе се приберете дома

Дали некогаш сте се запрашале како секогаш знае кога да ве пречека? Објаснувањето повторно се крие во нивната способност за мирис. Буквално може да намирисаат кога се приближувате кон дома.

5. Болест

Веќе долги години има кучиња кои се тренираат да ги предупредат медицинските лица кога некој човек е во живото-загрозувачка состојба.

6. Смрт

Иако не се откриени од страната на луѓето и не ни се доволно познати, сепак постојат хормонски промени кои настануваат при крајот од животот. Па, како што кучето може да насети дека нов живот ќе дојде на светот, така може да претчувствува и кога се ближи смртта.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Совети за шетање куче (ќе им се најдат на новите сопственици, без искуство) Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Што открива омилената положба на спиење за карактерот на вашето куче? Ако кучето спие на грб, со кренати задни нозе, тоа значи дека е среќно, самоувер...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg