Останете во форма и додека патувате за време на празниците

Патувањата за време на празниците за да видите некои пријатели или семејството секогаш се најдобрите денови во годината. Но, за време на тие денови не е добро кога излегуваме од рутината за вежбање.

ostanete-vo-forma-i-dodeka-patuvate-za-vreme-na-praznicite-01.jpg

Штом се напиеме некој коктел или изедеме некое вкусно колаче сите планови за вежбање исчезнуваат.

Познат фитнес тренер има смислено совршен план како без да губите скапоцено време со пријателите и семејството во текот на тие денови вие да се одржувате во форма.

1. Направете план

Оние кои планираат скоро секогаш успеваат. Распрашајте се каде се најблиските сали за вежбање во хотелот или областа во која ќе престојувате. Видете ја временската прогноза за дали би имале можност за активности во природа како трчање, возење велосипед и слично.


2. Станете дел од вашата околина

Доколку се наоѓате на место во кое не мора да користите автобуси, такси и друг вид на превоз, пешачете, изнајмете велосипед. Доколку сте на плажа, трчајте по плажата, возете ролерки, пливајте! Одмор на планина? Искачувајте се, скијајте. Наместо да наоѓате изговори, најдете мотивација и движете се!

ostanete-vo-forma-i-dodeka-patuvate-za-vreme-na-praznicite-1.jpg

3. Најдете интересни курсеви

Најчесто секаде има одлични јога курсеви, пилатес, аеробик, часови за танц. Прашајте ги пријателите, информирајте се преку социјалните мрежи, лесно е само треба да се заинтересирате.


4. Не ги комплицирајте вежбите

Пред спиење направере стомачни и склекови, а наутро можете малку да трчате. Јадете добро и здраво, иако е одмор обидете се колку што можете. Избалансирајте ги здравите оброци со оние кои ве задоволуваат во текот на празниците.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Фитнес инфлуенсерка покажува како навистина изгледа кога не позира и не ги уредува фотките Подуен стомак и мускули кои не се секогаш дефинирани – фитнес инфлуенсерка споде...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
Едноставни вежби со кои ќе ги тонирате рацете + зошто се појавуваат масни наслаги во оваа област? Покрај вишокот килограми, масните наслаги на рацете се јавуваат и од други факто...
Јога пози со кои ќе го подобрите капацитетот на белите дробови Одредени јога пози ги „отвораат“ градите при што се подобрува протокот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg