5 знаци дека претерувате со вежбање

Ако одлучите да влезете во форма, да работите на вашата линија и да ја зајакнете или зголемите мускулната маса, теретаната е вистинскиот избор за вас.

5 znaci deka premnogu vezbate 01

Без напорно тренирање нема да ги постигнете наменетите резултати, но сепак треба да бидете внимателни, затоа што понекогаш прекумерното вежбање е многу полошо од нередовно вежбање.

Ако забележите некој од следниве 5 знаци, можеби е време да го намалите интензитетот на вашиот тренинг.

Не успевате да ја исполните нормата

Природно е дека не сте во иста физичка форма секој ден, но ако подолг временски период не можете да направите стандарден тренинг кој порано не ви правел проблеми, време е да го промените вашиот план на вежбање и да одвоите повеќе време за одмор.

Ве болат мускулите подолго од вообичаеното

Кога ќе започнеме со тренинзи или кога ќе го промениме стилот на вежбањето, најчесто се случува да имаме воспаление на мускули, а болката ја чувствуваме неколку дена. Тоа не треба да ве загрижува.

Меѓутоа, ако чувствувате иста болка по вашиот стандарден тренинг, или истата трае значително подолго од вообичаеното, тоа е знак дека сте претерале со вежбање.

5 znaci deka premnogu vezbate 02

Страдате од хронични повреди

Ако одново и одново ги добивате истите повреди, тоа е знак дека премногу вежбате. Повредите можат да се појават кога на телото не му давате доволно време да се одмори или кога постојано правите исти вежби за истата мускулна група.

Вашата мотивација е многу послаба од порано

Нормално е мотивацијата да варира од ден на ден, но ако немате волја да вежбате неколку дена по ред, треба да размислите дали е паметно секој ден да одите во теретана.

Тешко ви е да заспиете

Прекумерното вежбање предизвикува прекумерно лачење на хормоните на стрес, што пак води кон несоница. Кога не спиеме доволно, нашите мускули потешко се опоравуваат, а тоа го зголемува ризикот од болка и сериозни повреди.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg