Кои вежби се лоши, а кои добри за луѓето кои имаат проблеми со срцето?

Ако имате каков било проблем со срцето, веројатно сте ограничени за некои работи, особено кога станува збор за физичка активност.

koi-vezhbi-se-dobri-a-koi-loshi-ako-imate-problemi-so-srceto-01.jpg

Причината е што некои вежби можат повеќе да ви ја влошат состојбата отколку да ви помогнат.

Ова не значи дека треба да се откажете од секаква физичка активност и воопшто да не мрдате. Само, важно е да знаете кои вежби е најдобро да ги избегнувате, и со кои можете да ги замените.

Се разбира, пред да правите што било, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.

Погледнете кои се вежбите што треба и не треба да ги правите ако имате проблеми со срцето:

Вежби што треба да ги избегнувате

- Изометричните вежби вклучуваат вежби за кои ја користите вашата тежина или стабилен предмет, како ѕид. Овде спаѓаат склекови, стомачни, планк, мост и слично.

- Вежбањето за зајакнување вклучува вежби кои ја зголемуваат мускулната маса. Воглавно, овие вежби го зголемуваат крвниот притисок и го ограничуваат нивото на кислород во крвта. Најчесто ова се вежби со тегови.

koi-vezhbi-se-loshi-a-koi-dobri-za-lugjeto-koi-imaat-problemi-so-srceto-02.jpg

Вежби што нема да ви наштетат

- Вежби за флексибилност: Истегнувањето нема директно влијание врз здравјето на срцето. Но, овие вежби ќе ви помогнат да ја подобрите рамнотежата и ќе ја подобрат состојбата на мускулите и зглобовите. Најпопуларна во оваа категорија е јогата.

- Аеробни вежби: Аеробните вежби ги подобруваат циркулацијата на крвта и начинот на кој телото го користи кислородот. Најважното нешто во овој случај е да бидете умерени. Овде спаѓаат вежби како брзо одење, бавно џогирање, возење велосипед и слично.

koi-vezhbi-se-loshi-a-koi-dobri-za-lugjeto-koi-imaat-problemi-so-srceto-03.jpg

Дополнителни совети

- Секогаш бидете хидрирани! Пијте вода дури и ако не чувствувате жед, особено во топлите месеци.

- Дајте му на телото време за одмор. Без разлика кои вежби ги изведувате, немојте да претерате. Помеѓу секое вежбање оставете му време на телото да закрепне.

- Не вежбајте надвор во секакви временски услови. Ако надвор е премногу топло, ладно или влажно, подобро вежбајте дома или во теретана. Екстремните временски услови можат да имаат лошо влијание врз циркулацијата, да го отежнат дишењето, па дури и да предизвикаат болка во градите.

- Слушајте го вашето тело. Ако се чувствувате уморно, неудобно, имате вртоглавица или проблеми со дишењето, најдобро е да престанете со вежбање.

- Консултирајте се со лекар. Како што напоменавме, консултацијата со вашиот лекар е најдобрата одлука. Тој добро ја познава вашата здравствена состојба и може да ви помогне да си направите безбеден план за вежбање.

koi-vezhbi-se-loshi-a-koi-dobri-za-lugjeto-koi-imaat-problemi-so-srceto-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg