Мразите да вежбате? – 12-3-30 е вирален Тик-Ток фитнес тренд, за што се работи?

Трендот за фитнес наречен 12-3-30 сè почесто се споменува на социјалните мрежи, но за што всушност се работи? Имено, трендот за фитнес 12-3-20 е сосема нов начин на вежбање што ќе им се допадне дури и на оние кои навистина не се големи љубители на вежбањето во теретана.

mrazite-da-vezbate-13-3-30-e-viralen-tik-tok-fitnes-trend-za-shto-se-raboti-01.jpg

Станува збор за трчање, односно одење на лента за трчање. Најпрво треба да се загреете. За ова доволно е да изодите пеш до теретаната или да одите 5 минути на лентата за трчање.

По загревањето, подесете го наклонот на лентата на 12%, а брзината на 4,8 километри на час (односно 3 милји на час – оттаму и името на вежбата). Со овие подесувања треба да одите на лентата 30 минути.

Самиот концепт е креиран од Лорен Џиралдо, која го започнала овој тренд на YouTube во 2019 година. Сепак, дури сега, преку TikTok, тој стана планетарно популарен.

„Се плашев од фитнес салата и не бев мотивирана. Потоа дизајнирав ваков тип на вежбање“, признала Лорен, додавајќи дека изгубила дури 13 килограми благодарение на овој начин на вежбање.

По нејзиното видео во кое објаснила како го симнала вишокот на килограми, луѓе го испробале нејзиниот метод. Доколку може да им се верува на нивните сведоштва, овој начин на вежбање навистина дава солидни и брзи резултати, а првите се видливи по само еден месец.

Но, дали 12-3-30 е добар начин за вежбање?

Овој тренд се фокусира на одење, а одењето е одличен тренинг со низок интензитет. На овој начин, ги зајакнуваме коските и мускулите, ја подобруваме рамнотежата и координацијата на движењата, а во исто време го намалуваме ризикот од срцеви заболувања.

Оваа вежба е добар кардио-тренинг со кој брзо можете да видите резултат, но сепак повеќето тренери советуваат да ја избегнувате вежбата ако не сте воопшто физички активни и никогаш не вежбате. Односно, вежбата не е најпогодна за почетници без никакво искуство.

Ако немате никаква кондиција, веројатно ќе ви биде тешко да изодите 30 минути, па експертите препорачуваат да почнете со поедноставни кардио вежби. Ако сепак сакате да ја пробате оваа вежба, можете да го подесите наклонот на лентата на 4% и малку да ја намалите брзината, а да одите 20-тина минути.

Иако вежбата не е препорачлива за почетници, ако сте колку-толку активна личност, експертите велат дека без сомнение ќе видите позитивни резултати.

Погледнете како изгледа трансформацијата со методот 12-3-30:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Стефан Спирковски за трансформацијата на телото за 60 дена: „Имаше денови кога морав да ‘запнам’“ „Имаше денови кога бев многу мотивиран, а имаше и денови кога не ми беше до ништ...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
Фитнес инфлуенсерка покажува како навистина изгледа кога не позира и не ги уредува фотките Подуен стомак и мускули кои не се секогаш дефинирани – фитнес инфлуенсерка споде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg