Работи кои не смеете да ги кажете пред вашиот шеф

Ако сакате да ја задржите вашата работа, тогаш овие реченици никогаш не смеете да ги изговорите пред вашиот работодавец. На работното место,секогаш мора да покажете почит пред оние кои се над вас. Можеби вашиот шеф ви дозволува да имате пријателски однос, сепак поставете некои граници и внимавајте што точно изговарате при разговорите.

raboti-koi-ne-smeete-da-gi-kazete-pred-vasiot-sef-01

Никогаш не се заканувајте дека ќе најдете друга работа

Доколку си ја сакате работата, тогаш не велете така. Дури и да сте биле нервозни и лути вашиот директор нема да ја заборави оваа ваша реченица и со сигурност ќе ви најде замена.

Не велете дека ќе дадете отказ

На тој начин повторно работното место ќе ви виси на конец. Особено доколку ова го велите во текот на некој голем проект само ќе влеете недоверба за вашата одговорност кон местото во кое работите.

Заборавете на пцовките

Од моментот кога ќе зачекорите, па сè до завршување на работното време заборавете на пцовките. Избројте до 10, вдишете длабоко и не дозволувајте да се изразувате погрдно.

raboti-koi-ne-smeete-da-gi-kazete-pred-vasiot-sef-2

Дискриминација?

Во ниеден случај не смеете да си дозволите да дискриминирате. Не се вклучувајте во темите од типот политика или религија, никогаш не знаете што точно мислат другите, особено вашиот шеф.

Не велете ништо што би можело да покаже дека имате лош став

Мислењето дека компанијата е неодговорна или не е вредна задржете го за себе. Не кажувајте дека нешто не може да биде завршено, едноставно премолчете и потрудете се да ги подобрите работите во компанијата. На тој начин вашето работно место ќе биде сигурно.

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg