10 Лекции кои ќе ги научите само откако ќе дадете отказ

Денеска е навистина тешко да се пронајде добро платена работа, токму и затоа многумина остануваат на работни места кои воопшто не им одговараат.

10-lekcii-koi-kje-gi-naucite-otkako-kje-dadete-otkaz-1.jpg

Но, и отказот си носи некои свои лекции, а доколку се одлучите да го напуштите вашето моментално работно место, тогаш овие работи ќе ви помогнат полесно да го пребродите периодот кој доаѓа:

1. Важни сте само вие

Не е важно што ќе мислат пријателите, роднините, туку важно е вие да се чувствувате добро, бидејќи тоа се само ваши одлуки. Заборавете на туѓите совети и послушајте си ја својата интуиција и срце, само тогаш ќе сте сигурни дека нема да погрешите.


2. Не постои вистинско време

Ако цело време го чекате вистинскиот момент за да ја напуштите работата, тогаш време е да сфатите дека тој никогаш нема да дојде, бидејќи не постои. Меѓутоа, постојат мигови во кои ќе почувствувате тежина, која повеќе не можете да ја издржите.


3. Ќе се чувствувате слободно

Ако веќе некое време не можете да спиете мирно и воопшто да живеете без неред во мислите, тогаш откако ќе ја напуштите работата ќе се чувствувате ослободено. Времето кое ќе го поминете барајќи нова работа ќе ве исполни со позитивна енергија.


4. Ќе бидете мотивирани

Откако ќе ја напуштите работата која дотогаш ви создавала мака, ќе се почувствувате многу посигурни во себе и ќе бидете подготвени за нови предизвици. Вашата мотивација ќе ве води до успехот.


5. Можностите ги создавате сами

Постојат илјадници можности, но ниту еден нема да ви падне од небото. Создадете си самите прилика за нова работа со која ќе напредувате и ќе имате голем успех.

10-lekcii-koi-kje-gi-naucite-otkako-kje-dadete-otkaz-2

6. Со вашиот живот управувате само вие

Откако ќе ја напуштите работата ќе сфатите дека вие сте си сам свој газда. Одберете го тоа што најмногу ви одговара. Зад себе веќе ќе имате едно негативно искуство, па не си дозволувајте повторно да згрешите.


7. Промените никогаш не се лоши

Промените се неизбежен дел од животот, но не треба да ги сфаќате како нешто трагично. Запомнете, кога една врата се затвора некоја друга се отвора.


8. Ќе бидете подисциплинарни

Откако ќе ја напуштите работата ќе сфатите дека работите морате да ги преземете во свои раце. Обидувајте се во потрагата по нова работа и вашиот труд ќе се исплати.


9. Неуспехот е само лекција

На сите тешко им паѓа кога нема да успеат, но тоа е само уште една лекција од која можеме многу да научиме. Никогаш не сфаќајте го тоа како нешто трагично, туку како пат до успехот.


10. Никогаш доволно време

Времето е субјективно доживување и не дозволувајте да ве демотивира. Кога чекаме повик за работа деновите поминуваат бавно, но важно е да сте трпеливи. Само тогаш ќе научите како мудро да го распоредите времето кое ви е на располагање. 

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg