Омилената боја ја открива вашата идеална професија

Истражувачот и амерички научник во полето на вработување, Dewey Sadka, открива нов тест за професионалната ориентација. Вашата омилена боја.

bojata-ja-odreduva-vashata-idealna-profesija-01.jpg

Таа го одредува начинот на кој пристапувате на проблемите, ги одредува вашите таленти, приоритети и карактеристики. Преку ова ги открива и занимањата кои најдобро би ви прилегале, според вашиот карактер.

Бојата е пред се одраз на вашето расположение. Оние чија омилена боја е жолтата боја се вели дека успешно ракуваат со огромен број на информации и на тој начин достигнуваат успех. Сината боја е боја на неконвенционалните идеи и напредокот, додека пак црвената боја е боја на силната мотивираност за успех.

Од секундарните бои: зелената открива реалистичен тип, портокаловата открива флексибилност, а виолетовата открива личности кои се зависни од својата средина.

За оние чија омилена боја е некоја од ахроматските бои: црната ја открива важноста на и почитта кон моралните вредности и традицијата, белата открива потреба од широки хоризонти, додека пак, кафената открива личности кои се доследни и таквата доследност и навременото извршување на одговорностите ја бараат и од другите.

Од друга страна пак, не само вашите омилени бои, туку и оние бои кои најмалку ви се допаѓаат, одредуваат некои ваши важни карактерни црти.

На пример, оние кои не ја преферираат зелената боја се самостални и тешко се прилагодуваат на тимската соработка, а оние со кафената боја сакаат премногу да ја докажуваат својата вредност и не обрнуваат внимание на мислењето на другите.

Според овие црти постои општа поделба на три професии. Во која влегуваш ти?

bojata-ja-odreduva-vashata-idealna-profesija-1.jpg

Ако ти се допаѓаат жолтата, виолетовата или белата: Ти си комуникатор.

Ти креираш профитабилни перспективи. Секогаш си во состојба да забележиш што другите бараат. Успеваш да ги отвориш вратите кои се затворени. Твоите одлични комуникациски способности ќе ти помогнат во остварувањето на твоите цели. Вие можете да бидете одличен маркетинг менаџер или лидер.


Ако ти се допаѓаат црвената, зелената или црната: Ти си претприемач.

Добро ја знаеп вредноста на парите и ресурсите, вклучително човечките. Комбинацијата на поддршката која им ја пружаш на другите и твојата аналитичка природа ќе направат да бидеш успешна личност во многу сектори. Финансии, банки, разни сектори на менаџирање, инвестиции или педагошки професии; нема нешто во кое не можеш да успееш.


Ако ти се допаѓаат плавата, портокаловата и кафената: Ти си активист.

Твојата надеж за добрината на луѓето те прават одличен/а заштитник/чка на општествените вредности. Размисли за кариера во поле на: инженерство, правни професии или било каква социјална и владина работа.

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg