5 изненадувачки начини на кои името влијае на вашиот успех

Дали од секогаш сте се запрашувале какво е значењето на вашето име? Научниците потврдија: вашето име е вашата иднина.

7-iznenaduvacki-nacini-na-koi-ime-vlijae-na-vashiot-uspeh-01.jpg

Имено, низа истражувања покажуваат дали и точно на кој начин може да влијае вашето име над вашиот успех. Од позиција на вашите иницијали во азбуката до колкава е должината на името.

Ова се 5те значења кои ќе ве изненадат:

1. Ако твоето име лесно се изговара веројатно ќе имаш повисок статус

Во истражување направено на њујоршкиот универзитет, откриено е дека луѓето кои имаат лесно изговорливи имиња почесто имаат повисоки позиции во компанијата. Тајната се крие во допадливоста на информациите. Имено, психологот Адам Алтер вели дека онаа информација која можеме да ја обработиме побрзо и полесно, ќе ни биде поразбирлива и ќе ни се допаѓа повеќе.


2. Ако твоето име е почесто со поголема сигурност ќе бидеш вработен

Се викаш Марија? Ана? Филип? Тогаш имаш среќа. Мала е веројатноста дека нема да успееш да пронајдеш работа. Во една студија на универзитетот Marquette октриено е дека, имињата со кои се сретнуваме почесто и ќе ни се допаѓаат повеќе. Како резултат на тоа и поверојатно ќе се вработат оние чии имиња се чести.


3. Ако буквите од кои е составено твоето име се наоѓаат на почетокот на азбуката, поверојатно ќе се запишеш или си завршил во елитно училиште

Во студија објавена во весникот Economics od Education Review истражувачите проучувале каква е врската помеѓу позицијата во азбуката, на имињата на студентите, и нивните шанси за примање во некој од елитните факултети. Откриле дека колку порано во азбуката ќе се сретне нивното име, толку е поверојатно дека ќе бидат примени на тој факултет.

7-iznenaduvacki-nacini-na-koi-ime-vlijae-na-vashiot-uspeh-2.jpg

4. Мажите со пократки имиња почесто се на повисока позиција

Во 2011тата Линкедин анализирал повеќе од 100 милиони профили на својата интернет страна за да открие какви типови на имиња најчесто се сретнуваат на директорските и менаџерските позиции во компаниите. Во случајот на машката популација тоа биле кратките имиња кои немаат повеќе од две самогласки. Во тој случај доколку се викате Ице, Ѓоре или можеби Кире поголема е веројатноста дека имате менаџерски дух.


5. Жените кои го користат своето полно име се на повисока позицијата

Во истото истражување откриено е дека жените кои се на високи позиции почесто ги користат своите полни имиња. На тој начин изгледаат попрофесионално.

Би можело да ве интересира:

Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg