6 предмети на работната маса кои откриваат каква личност сте

Работната маса ви е во целосен неред или сте дел од оние личности кои секогаш уредно ги пополнуваат роковниците? Или можеби немате ништо друго освен едно пенкало?

6-predmeti-na-rabotnata-masa-koi-otkrivaat-kakva-licnost-ste-01.jpg

Изгледот на работната маса може многу да каже за тоа каква личност сте па дури и она што пробувате да го сокриете. Не ја сакате вашата работа? Некои нешта може многу лесно да ве издадат.

Ова се 6 работи кои одредуваат каква личност сте според тоа како изгледа местото каде секојдневно работите.


1. Спојувалки во боја

Вие сте личност која многу часови минува во „сурфање“ на интернет порталите и блоговите кои нудат совети за модата, убавината и здравјето и си замислувате како вашиот инстаграм профил станува добар бизнис. Слика која најчесто се среќава на вашите профили на друштвените мрежи е утринското кафе со наочарите до него.

Вие сте главна организаторка на забавите и праќате мејлови на сите за да ги потсетите за родендените на сите колеги. Благодарение на тоа нема личност која не ве сака на место каде работите.

6-predmeti-na-rabotnata-masa-koi-otkrivaat-kakva-licnost-ste-1.jpg


2. Потсетник за секоја ситуација

Вие сте практична личност чие најдголемо задоволство е во пополнувањето на роковникот со сите важни дати и часови. Вам поважни ви се вистинските книги на кои можете и да го почувствувате мирисот од е-книгите, готвењето од рестораните, домашната средина од забавите. На работа секогаш носите класична облека.

Колегите секогаш бараат од вас препораки за добро вино или книга. Некои можеби ве сметаат за сноб, но вие сте само човек кој точно знае што сака.

6-predmeti-na-rabotnata-masa-koi-otkrivaat-kakva-licnost-ste-2.jpg


3. Неколку валкани шолји кафе

За вас драмата почнува од раните утрински часови. Од првата расправија со партнерот до погледите кон шефот. До 9 веќе сте минале низ многу работи и истите ги споделувате со колегата кој воопшто не ве слуша затоа што сеуште е поспан.

Вие сте дел од оние работни лица кои работата способни се да ја завршат уште рано наутро. Со себе секогаш носите екстра маица или фустан. Никогаш не знаете што може да ви се случи наутро. Исто така вие ги знаете сите најдобри места за „afterwork“.

6-predmeti-na-rabotnata-masa-koi-otkrivaat-kakva-licnost-ste-3.jpg


4. Пенкала во сите бои

Вие сте горди на вашите Инстаграм и Пинтерест профили. Не ви е јасно зошто некои луѓе од работа не ве следат на друштвените мрежи. Потполно сте сигурни дека со тоа само тие губат. Вие сте специјалист за здрава храна. Умеете да ги направите најдобрите кекси без глутен.

Размислувате за тоа полиците со книгите да ги означите со различни бои во зависност од жанрот и ве нервира кога вие сте единствената личност која се концентрира на деловниот состанок.

6-predmeti-na-rabotnata-masa-koi-otkrivaat-kakva-licnost-ste-4.jpg


5. Едно пенкало и речиси ништо друго

Вие не го сакате работно место на кое моментално сте и едвај чекате да пристигне часот кога ќе си заминете за дома. За време на паузите испраѓате CV-а за други работни места. Наместо да ги извршувате работните задачи вие го минувате времето во „сурфање“ и прегледи на вашиот Linkedin профил.

Живеете од ден за ден и утехата ја пронаоѓате во јогата, медитацијата и инспиративните цитати.

6-predmeti-na-rabotnata-masa-koi-otkrivaat-kakva-licnost-ste-5.jpg


6. Слика од мачки

Вие сте личност која говори со интернет речник и секогаш ги известува колегите за најновите слики на Бијонсе на Инстаграм. Веројатно работите во некоја маркетинг компанија каде слободно можете да ја изразувате вашата креативност и опседнатост со интернет новостите.

Сакате впечатлив накит и панталони и колегите на вас не гледаат како на препрека. Токму затоа потајно се смешкате на шефот и договарате покачување на платата без другите да знаат.

6-predmeti-na-rabotnata-masa-koi-otkrivaat-kakva-licnost-ste-6.jpg

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg