Паднете. Станете. Повторувајте додека не успеете.

Самодовербата е нешто со кое многумина од нас имаат проблем. Неверувањето во своите способности на моменти знае да ни предизвика голема тешкотија и да нè натера да тргнеме во сосема погрешна насока.

padnete-stanete-povtoruvajte-dodeka-ne-uspeete-01.jpg

Силните и успешните луѓе се луѓето кои знаат што значи да се има самодоверба и како да успеете да ја одржите во моментите кога за момент се прашувате дали можеби сте се прецениле.

Самодовербата е еден вид на стимул кој ви помага да успеете во вашите мисли и идеи, но многу често се случува истата да стане силен инхибитор на сето она кое го посакувате.

Треба да држите говор пред многу луѓе или да одите на интервју за работа и чувствувате како вашата самодоверба ве напушта? Не грижете се, стресните ситуации делуваат така на најголемиот број од луѓето.

Ви нудиме само три чекори со кои можете да ја вратите самодовербата само за миг:

1. Заземете уверлив став

Дали сте знаеле дека понекогаш заземањето на убедлив став, може да го натера вашиот мозок да се чувствува посигурно и посамоуверено? Следниот пат кога ќе се почувствувате нервозни и несигурни, направете го следното: Застанете исправено пред огледалото, зафрлете ги рамената наназад, исправете ги градите а рацете ставете ги врз колковите.

Истражувањата покажале дека ваквиот став на телото за само неколку минути ја зголемува самодовербата и го намалува стресот.

„Невербалните знаци кои нашето тело ни ги дава управуваат со тоа како се чувствуваме и што мислиме за себе“ – објаснува психологот на Хардвар Бизнис Скул, Ејми Кади.


2. Убедете се себеси дека поседувате способност да станете подобра личност

Секако постојат работи кои не можете да ги смените и не зависат од вас, но постојат работи на кои можете да поработите и да ги промените. Секако тоа воопшто не е едноставно и лесно, но сепак резултатите ќе ве воодушеват.

Запрашајте се себеси дали вашата цел е нешто на кое можете да работите и да ги подобрите своите способности. На пример, дали вашата цел е да го подобрите начинот на зборување пред голем број луѓе? Да имате повитко тело или да изгубите некој килограм? Сето тоа се работи за кои постојат начини и техники кои ќе ви помогнат да ја остварите вашата цел.

Ќе се изненадите кога всушност ќе сфатите дека постојат само неколку работи во животот кои не можете да ги промените, сè друго е во ваши раце.


3. Паднете. Станете. Обидете се повторно. Повторувајте се додека не успеете.

Неуспехот е нешто кое не можете да го избегнете. Она што е поважно е како ќе се справите со него. Ќе се откажете или ќе смислите нова стратегија и ќе се обидете повторно?

Земете го пример Мајкл Џордан. Освоил шест NBA титули, петпати бил прогласуван за МVP, освоил две олимписки злата и во 2009 станал дел од Халата на славните во кошарка. Многумина го сметаат за најдобриот кошаркар на сите времиња.

Но малкумина знаат дека тој доживеал и многу неуспеси.

„Во мојата кариера сум промашил повеќе од 9000 пати. Сум изгубил на речиси 300 натпревари.  26 пати ми бил доверен решавачкиот удар за победа и сум промашил. Во животот сум паднал многупати, и тоа е начинот на кој всушност успеав.“ – изјавува тој.     

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg