Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


5 лекции од 17-годишниот гениј кој заработува 30.000 долари месечно

Повеќето тинејџери воопшто не размислуваат за осамостојување и најчесто посегнуваат по паричникот на своите родители за да ги добијат работите кои ги посакуваат.

5-lekcii-od-17-godishniot-genij-koj-zarabotuva-30000-dolari-mesecno-01.jpg

Во Америка постојат такви кои ќе се одлучат и да работат во некој ресторан за брза храна за да имаат доволно средства за да си ги овозможат работите кои ги посакуваат.

Но, случајот не таков со Темпер Томпсон. Тој решил дека не сака да бара пари од своите родители, ниту пак да работи во некој ресторан, па започнал со онлајн маркетинг.

Неговата цел била да заработува 100 долари месечно, но денес, на 17 години тој заработува повеќе од просечните американски примања за цела година.

Преку курсевите кои за Kindle публикување кои тој ги продава од неговата страна, тој заработува 30.000 долари месечно.

Еве што советува тој:

1. Преземете акција

Првата лекција е дека треба да преземете нешто. „Многу луѓе зборуваат за своите планови, но никогаш не ги претвораат во реалност“ - вели Темпер. „Ако не преземете нешто, никогаш нема да успеете“ - додава.

Сите ние имаме бројни идеи, но прашање е дали и како ќе ги претвориме во реалност. За тоа потребно е време, но потребно е да бидете упорни и да не се откажувате.


2. Не се плашете од неуспех

Секој може да погреши, и Темпер се соочувал со потешкотии, но никогаш не се откажал. Посебно не при првиот неуспешен обид.

„Не е ни чудно ако не успеете да развиете успешен бизнис, ако се плашите дека нема да успеете. Неуспехот и грешките се предност. Учите од грешките“ - објаснува тој.


3. Фокусирајте се

Често слушаме дека нашето внимание многу бргу може да се пренасочи на некоја трета неважна работа, но според Темпер ова е фатално за вашиот бизнис.

„Најмоќната работа која можете да ја направите е да останете фокусирани само на една работа“ - вели тој.


4. Опколете се со позитивни луѓе

Од голема важност е да имате поддршка и да бидете опкружени со позитивни луѓе кои се полни со ентузијазам и кои дополнително ќе ве мотивираат да напредувате.

Родителите на Темпер се претприемачи. Тие имаат свој сопствен бизнис и ги поддржуваат амбициите за раст и напредок на својот син. Ова покажува дека моралната поддршка навистина е важна.

„Ако се опкружите со негативни и неуспешни луѓе, тие ќе ве влечат надолу во бездната“ - вели Темпер.


5. Не се релаксирајте

Темпер откако стигнал до првобитната цел да заработува 100 долари месечно не застанал, продолжил понатаму. Забележал дека со неколку мали промени може да заработува и по 1.000 долари месечно. И повторно не застанал.

Неговата цел за оваа година е да дојде до 100.000 долари месечна заработка.

„Голем дел од луѓето кога ќе ја освојат својата цел запираат, немаат нови планови за нов раст и напредок“ - заклучува тој.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg