Најважните разлики меѓу успешните и неуспешните луѓе

Успешноста е еден од резултатите на луѓето кои успеваат да ги остварат благодарение на своите квалитети.

najvazni-razliki-megju-uspesnite-i-neuspesnite-lugje-0002.jpg

Понекогаш квалитетите постојат, но треба внимателно да ги канализираме со цел станување поуспешна личност не само на професионално туку исто така и на приватно поле.

1. Успешните луѓе ги прифаќаат промените, неуспешните луѓе се плашат од нив

Прифаќањето на промените е најтешкото нешто што една личност може да го направи. Живееме во свет кој се движи напред, а развојот на технологијата го забрзува уште повеќе.

Императив е да ги прифатиме промените и да се приспособиме на нив, а не да се плашиме или да ги негираме. Успешните луѓе храбро го прават тоа.


2. Успешните луѓе зборуваат за идеи, неуспешните за луѓе

Наместо да ги озборуваат другите луѓе (што нема да ги одведе никаде), успешните луѓе зборуваат за идеи. Споделувањето идеи со другите може само да направи подобри личности од нив.


3. Успешните луѓе ја прифаќаат одговорноста за неуспесите, неуспешните ги обвинуваат другите 

Вистински успешните лидери и бизнисмени доживуваат и успеси и неуспеси. Меѓутоа, тие секогаш ја преземаат одговорноста за неуспехот. Со обвинувањето на другите луѓе нема да решите ништо.


4. Успешните луѓе ги признаваат заслугите на другите, неуспешните се китат со туѓи перја

Дозволете им на другите моменти на слава, на тој начин ќе ги мотивирате да работат повеќе, што од вас ќе направи многу подобар лидер.


5. Успешните луѓе сакаат и другите луѓе да постигнат успех, неуспешните потајно се надеваат на туѓи неуспеси

Не можете да бидете успешни ако сте дел од губитнички тим. Токму затоа, успешните луѓе не сакаат другите да бидат неуспешни, тие сакаат нивните колеги да постигнуваат успеси и да се надградуваат.


6. Успешните луѓе прашуваат како можат да помогнат на другите, неуспешните сакаат да си помогнат само себеси

Прашајте „Како можам да ти помогнам?“ наместо „Како можеш да ми помогнеш?“. Нудењето помош ќе им помогне на луѓето да ве перципираат како потопла личност што ќе ги поттикне да ви помогнат кога ќе имате потреба од тоа.


7. Успешните луѓе го бараат тоа што го сакаат, неуспешните се плашат од неуспех

Не дозволувајте стравот од неуспех да ве спечи да го побарате што навистина го сакате. Ако сакате да бидете успешно, вашата мантра треба да гласи: „Прифати го стравот од одбивање, а потоа барај одобрување.“


8. Успешните луѓе имаат разбирање за себеси, неуспешните не се грижат за интроспекција

Секој треба да ги сфати сопствените несвесни мотиви, што ви го подобрува расположението и како најдобро одржувате интеракција со другите луѓе.


9. Успешните луѓе секогаш слушаат, неуспешните луѓе секогаш зборуваат

Најважната вештина во бизнисот, социјалните мрежи и животот воопшто е слушањето. Колку помалку зборуваме, полесно ќе ги убедиме луѓето да веруваат во нашите идеи и во нас.


10. Успешните луѓе имаат позитивен став, неуспешните премногу често се негативни

Позитивниот став поттикнува, особено кога доаѓа од лидер. Ако зрачите со позитивна енергија, многу лесно ќе ги привлечете другите кои сакаат да бидат или се чувствуваат како вас.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шеф од Хрватска ангажирал приватен детектив да ја следи вработената дали навистина е на боледување Вработена во Хрватска побарала денови од одмор, шефот не ѝ одобрил. Земала болед...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg