10 работи што ги прават организираните луѓе, а ќе ви донесат успех

Сите организирани луѓе имаат едно нешто заедничко – тие создаваат системи. Без разлика дали е тој е наменет за следење на финансии или за нешто едноставно како полнење на машината за чинии, секој организиран човек има систематизиран пристап. 

10-raboti-sto-gi-pravat-organiziranite-lugje-a-treba-i-vie-01

А тоа дополнително време потрошено токму на ова, иако можеби понекогаш ви изгледа како непотребно, поседувањето на добар начин на организација на дневните задачи ќе ви зачува време и пари.

Затоа, ова се 10-те навики на „ненормално“ организираните луѓе кои и вие треба да ги применувате:

1. Организирајте го просторот

За да бидете успешни во работата, потребно е добро да се организирате. Тоа не значи само да направите план и програм како и што да работите, туку и да ги организирате предметите околу вас. Секако дека не можете да работите ако има 10 жици околу вас на кои постојано се сопнувате, или документи на сите страни. Купете или изработете сами кутии и помагала кои ќе ви помогнат да бидете поорганизирани. Организирана канцеларија = успех.


2. Систематизирајте ја облеката

Најпрво по боја т.е. од најтемна до најсветла, а потоа по материјали – од памук до свила. И секогаш користете ги истите закачалки. Закачалките од хемиското чистење се најлошиот непријател на облеката. Најлесниот начин брзо да го систематизирате плакарот е да го намалите. Запомнете – колку повеќе облека имате – толку помалку парчиња од неа ќе облечете.


3. Користете стаклени тегли

Ако досега не слушнавте, стаклените тегли се сосема модерни, а една од нивните најдобри употреби е за чување на храна. Замислете колку поубаво ќе изгледа шеќерот, ако го ставите во стаклена тегла и рачно напишете ознака. А, ако ве мрзи да пишувате или едноставно имате лош ракопис, тогаш можете да купите стаклени тегли кои веќе се означени.


4. Правете распоред на апсолутно сѐ

Ако тоа е активност која го бара вашето внимание, тогаш таа треба да биде внесена во вашиот календар. Вежбање, телефонски повик или време сами за себе – ова се само дел од нештата на списокот кои ако ги внесете во календар ќе мора да ги направите.


5. Завршете ги обврските

Тоа значи ќе можете да пречкртате повеќе нешта од списокот. Плус, чувството на исполнетост е навистина „заразно“. Запомнете дека доволно е да направите само едно нешто од списокот за да се чувствувате помотивирано и попрудуктивно за да ги направите и другите.


6. Направете чистка

Ако не го употребувате, тогаш нема потреба да зафаќа простор... Не треба да имате вишок крпи и чаршафи ако воопшто не сте ги употребиле. Ако самата идеја да правите чистка ви изгледа страшна, тогаш почнете полека. Започнете со еден простор неделно. Така, ќе избегнете чувство на обземеност и со надеж дека после неколку месеци ќе го намалите инвентарот само на оние нешта кои навистина ви требаат и ги сакате.


Избегнувајте:


1. Одложување

Не одложувајте. Постојат нешта кои веднаш мора да ги направите, а не после некое време. Организираните луѓе никогаш не започнуваат нешто без да го завршат или да го остават за утре. Тие го завршуваат и забораваат на тоа. Истото треба да го направите и вие. За оние задачи кои едноставно не можете да ги направите, побарајте помош.


2. Нередовно читање електронски пораки

Инбоксот не е чекална. Тоа е само станица, место каде мејловите се собираат пред да бидат соодветно архивирани. Пробајте да одвоите време еднаш или неколку пати во денот за читање на поштата. Тоа ќе биде многу поефикасно ако го правите темелно неколку пати дневно, отколку еднаш набрзина на крајот од денот.


3. Претворање на чантата во црна дупка

Дали навистина ви требаат 2 различни типа лосиони? Или тоа замрсено лабело? Никако не заборавајте на сите стари сметки. Уште подобро прелистајте ги и видете кои сѐ уште ви требаат. Задржете ги само основните работи кои навистина ви требаат. Малите чанти се многу модерни.


4. Користење на фиока за ѓубре

Одвојте 30 скапоцени минути во саботно утро со шолја кафе за да ја исчистите фиоката од сите непотребни дрангулии кои се нашле внатре. Започнете така што прво ќе ја испразните. Следно, средете ги нештата и ослободете се од сето она што е непотребно. Откако ги имате работите кои сакате да ги зачувате, купете делител за фиоки.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg