Приказната за двете листи на Ворен Бафет

Со над 70 милијарди долари богатство на свое име, Ворен Бафет многу често е рангиран помеѓу најбогатите луѓе во светот. Од монетарен аспект тој знае како секојдневно да го искористува најдобро своето време.

prikaznata-za-dvete-listi-na-voren-bafet-1

Тој на своите вработени знаел често да им помага да ги откријат своите приоритети и им давал фокус во кариерата. Така еден ден на неговиот личен пилот му дал вежба со три чекори да за да му помогне да разбере кои му се вистинските приоритети:

Во првиот чекор му кажал да си ги запише 25 цели кои сака да ги постигне во кариерата. Така пилотот седнал и ги запишал.

Во вториот чекор му кажал од таа листа да ги заокружи 5-те цели кои му се најважни. Така пилотот ги заокружил 5-те најважни цели.

Во третиот чекор тој имал две листи, една со најважните цели и друга со преостанатите 20 од првите 25. Пилот рекол дека веднаш ќе почне да работи на тоа да ги исполни 5-те цели.

Бафет тогаш го прашал: „а што ќе направиш со преостаните 20?“, на што пилотот одговорил: „5-те цели ми се најважни, другите 20 се исто така важни, па ќе работам на нив кога ќе можам и кога ќе имам време“.

Тогаш Бафет му кажал дека сè разбрал погрешно. Дека листата со 20-те работи што остануваат ти станува листа на работи кои треба да ги избегнуваш по секоја цена. Без разлика на сè, не правиш работи од втората листа сè додека не ги исполниш тие од првата.

Лекција: Кога ќе го елиминираме непотребното трошење на време и ќе се фокусираме на најважните работи, животот станува полесен. Полесно оформуваме здрави навики и стануваме благодарни за тоа што сме го постигнале и што го имаме.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg